Култура

Промоција на радио емисија и документарно видео со студентите на ФМУ во Скопје

Во вторник, (15 мај), со почеток во 17 часот, во малата концертна сала на Факултетот за музичка уметност во  Скопје, ќе се одржи промоција на радио емисијата,  Музичко дружење со студентите по дувачки и гудачки инструменти и гитара, како и документарното видео за снимањето на емисијата, подготвени од студентите на насоката за сонологија со мултимедија.

Во емисијата ќе бидат претставени единаесет студенти од инструменталните оддели: Јован Јованов – кларинет, Филип Каревски – фагот, Благоја Василевски –хорна, Моника Трајковска – флејта, Стефан Илиев – труба, Иван Мојсовски – алт- саксофон, Димитар Ангеловски – виолончело, Анеса Зајази – виолончело, Ева Богоевска – виолина, Стефан Волчевски – гитара и Георги Трајков – гитара, кои ќе изведат дела од: J. С. Бах, А. Гргин, Б. Ковач, В. С. Хартли, В. Бујановски, О. Кетинг, Н. Паганини, Ж. Родриго и А. Б. Мангоре. Радио емисијата и документарното видео ги подготвија студентите на првиот и вториот циклус студии при ФМУ: Јулијан Мицевски, Емили Јањиќ Дачевиќ, Тамара Стојаноска, Викторија Додевска, Андреј Блажевски, Николче Витковски и Цветанчо Николоски, кои ги водат проф. д-р Димитрије Бужаровски и вонр. проф. д-р Трена Јорданоска.

 

Автор:

Слични статии