Култура

Презентации на програми за креативна Европа во Прилеп и Штип

Креативна Европа преку канцеларијата во Република Македонија организира  „Информативни сесии за програмата Креативна Европа, потпрограми Култура и Медиа“, коишто  ќе бидат презентирани на информативни средби во Штип на 8-ми октомври во 11 часот, во општинската сала и во Прилеп на 12-ти октомври во 11 часот, исто така во општинска та сала. Целта на средбите е да се презентираат можностите на програмите преку кои се финансираат проекти во областа на културата и аудиовизуелните индустрии. Програмите ќе ги презентираат Билјана Прентоска, раководител за потпрограмата Култруа и Бистра Георгиева, раководител на потпрограмата МЕДИА . Средбите се од отворен карактер и наменети се за сите оние кои работат и делуваат во областа на културата и аудиовизуелниот сектор, приватни компании, невладини организации, институции, иницијативи и поединци.

 

Автор:

Слични статии