Култура

Четири филма од раната фаза на Милош Форман на „Синедејс“

Во чест на познатиот чешки режисер Милош Форман, кој почина на 13 април годинава, филсмкиот фестивал „Синедејс“ во соработка со Амбасадата на Чешка и Чешкиот национален филмски архив ќе прикажат четири филма од раниот творечки период на Форман (1932-2018). Филмовите ќе се прикажуваат во Џебното кино на Младинскиот културен центар со почеток во 22 часот. На 11 ноември ќе биде прикажан „Аудиција“ од 1964 година, на 13 ноември „Љубовта на една русокоса“ (1965), „Гори, гори, моја госпоѓице“ од 1967 година е на 14 ноември и „Црн Петар“, снимен во 1964-та, кој ќе биде прикажан на 16 ноември. Тој е добитник на „Оскар“ за режија на филмовите „Лет над кукав чјото гнездо“ и „Амадеус“, а меѓу неговите останати познати дела се и „Народот против Лари Флинт“ и „Човек на Месечината“. Милош Форман е роден на 18 февруари 1932 година во местото Часлав во близина на Прага, како Јан Томас Форман. Неговите родители биле убиени во нацистичкиот логор Аушвиц и Форман поголем дел од детството поминал во дом за деца без родители. Почнал да се занимава со снимање филмови во 1950-тите години, како еден од претставниците на т.н. златна генерација на чехословачката кинематографија. Во 1968 година за време на советската воена интервенција во Чехословачка, Форман бил во Париз, од каде што емигрирал во САД и во 1975 година добил американско државјанство.

Автор:

Слични статии