Култура

Изложба „Валкана тајна„ во Кафе и Филм Котур

Во просторот на Кафе и Филм Котур, денеска во 17 часот ќе биде отворена изложбата „Валкана тајна“  како резултат од истоимениот проект  во организација на крос-платформска медиумска компанија „Волатиле 360“.  Изложбата „Валкана Тајна“ е првиот чекор во амбициозната агенда за обезбедување поддршка за нов тип на крос-платформски формат во Македонија: редовна ТВ и онлајн еколошка серија базирана на кориснички содржини од граѓани како и од медиумски професионалци, кој ќе бидат анализирани од експерти, новинари, владини органи и невладини организации. Логиката зад планираната серија „Валкана Тајна“ е дека проблемот со темелното загадување на воздухот, водата и почвата низ нашиот регион е прашање на живот или смрт кој може да се спречува и решава само преку сериозен диалог меѓу сите страни во општеството кои секојдневно ги трпат последиците.

Планираната серија има цел да биде платформа за таков дијалог меѓу граѓаните, бизнис лидерите и експерти од владините и невладините организации да развиваат, предлагаат и имплементираат иновативни решенија против загадувањето. Серијата ќе се спротивстави на индивидуалната апатија и групниот песимизам зад погрешното убедување дека загадувањето е преголем проблем за поединец да го реши, и дека затоа не вреди да се обидуваме да промениме нешто.

Со прилагодување на нашите секојдневни навики, креирање еколошки здрави модели за општествено одговорни индустрии, заедно со ригорозно спроведување на политички цели во еден интерактивен дијалог меѓу граѓаните, серијата ќе промовира оптимизам и ќе дава насоки за тоа што сите можеме да направиме во борбата против загадувањето.

Воведниот говор на отварањето е на Ксенија Путилин, специјалист за комуникации и развој на заедницата во Македонското еколошко друштвокоја објавува нови иницијативи за граѓанско учество во урбаната екологија. Ќе бидат претставени и веб страници кои се иницирани од Волатиле 360 како алатки за групи и поединци да ја водат борбата против загадувањето во социјалните медиуми.

Автор:

Слични статии