Култура

Солунскиот фестивал се отвора со љубовна приказна на Леонард Коен и неговата норвешка муза Маријане Илен

Повеќе од 300 документарни филмови се на програмата на 21. издание на Солунскиот фестивал на документарци, кој се отвора вечерва со филмот на Ник Брумфилд насловен „Маријане и Леонард: Зборови за љубов“. Филмот на Брумфилд е за прекрасната, но комплицирана љубовна приказна на легендарниот музичар и поет Леонард Коен и неговата норвешка муза Маријане Илен, од почетокот на нивната врска на грчкиот остров Хидра до тоа како нивната љубов се развила кога Коен стана успешен музичар. Самиот Брумфилд во тоа време бил пријател со Маријане, чија врска со Коен имала многу успони и падови. Иако се разделиле, цел живот останале пријатели, па дури и починаа еден по друг за неколку месеци. вклучени во десетина други програми на фестивалот, меѓу нив и годинашниот оскаровец „Фри соло“, а годинава по вторпат има и селекција филмови снимени во виртуелна реалност.

Во конкуренцијата за Златен Александар и 8.000 евра и Специјална награда на жирито со 2.000 евра се 10 први или втори документарци на авторите од цел свет, а мотото на годинешната конкуренција за награди е „Не ме допирај“, реченица што Исус и ја кажал на Марија Магдалена кога по воскресението таа го препознала и сакала да му се приближи. 

 „Исус веќе бил на ‘друго место’ кога Марија Магдалена се обидела да посегне по него и да му се приближи. Оваа библиска сцена била инспирација за уметноста безброј пати од 12 век досега, но исто така го портретира движењето во многу документарци. Соништата на имигрантите да се спојат со своите семејства кои живеат илјадници километри подалеку од нив; сиромашните кои невешто ја премостуваат далечината од семејните сеќавања; бегалците кои босоноги минуваат низ Ветената земја мачејќи се да стигнат на ‘друго место’. Целата планета се обидува да ја дофати, задржи и да и се приближи на оваа дестинација. Оттаму и фразата ‘не ме допирај’, како интегрирана во современата политичка теологија, станува компас за селекцијата за награди“, вели директорот на фестивалот Орестис Андреакис.

Фестивалот се затвора на 10 март со „Моминство“ на Алекс Џејмс, за пловидбата околу светот на првиот целосно женски екипаж во 1989, што стана метафора за женската храброст и саможртва наспроти морските бранови и предрасудите.

Автор:

Слични статии