Култура

Графиката во проширеното поле, изложба во МКЦ

Во Галерија МКЦ, вечерва ќе биде отворена групна изложба, којашто ќе биде отворена до 24 април, со едноставен наслов „ИЗЛОЖБА“ на Ана Трајковска, Душан Стефановски, Ивана Секулоска и Јован Јосифовски. 

Ана Трајковска

„Уметниците ќе ги презентираат своите дела, кои отстапуваат од канонизираното класично поимање на графичката уметност. Низ различни аспекти, преку манипулирањето со техничките, медиумските и стилски концепти ќе претендираат да ги прошират границите на нејзиното поле.

Дел од петтемина автори, користејќи  ги традиционалните методи на техничката изведба (но и своевидното рециклирање на графичкиот отпад), со нивниот индивидуален пристап всушност ќе ја манифестираат флуидноста на графичкиот медиум и прелевањето во интермедијалноста, која морфолошки ќе се артикулира во скулптурата, модниот дизајн, висечката инсталација, колажите и графитите.

 

Душан Стефановски

Иако концепциски и стилски меѓусебно се сосема диференцирани, сепак дифузната графичка линија на целата изложба го претставува оној заеднички именител, кој го означува примарниот интерактивен елемент, со кој авторите ќе го воспостават внатрешното дијалогизирање помеѓу делата, кои поединечно ги артикулираат различните поетички наративи: еколошките, социополитичките, феминистичките и културолошките. Тие ќе бидат артикулирани низ презентирањето на двострано испечатениот, т. е. транспарентноста на античкиот скулпторски портрет на Ана Трајковска, како и транспарентноста на модниот дизајн на Ивана Секулоска; фрагментирањето и спојувањето на деловите во целоста на исклучителните критички колажи на Јован Јосифовски, и трансферирањето на уличната уметност во галериски простор на Душан Стефановски, така што во сите дела на авторите може да се забележат автентичните индивидуални дискурси. Иако нецелосната виртуелна рецепција на делата од потписникот на овој текст се чини сомнителна, сепак се надеваме дека нема да биде големо промашувањето од менталното проектирање до реалното презентирање на делата. Исто така се надеваме дека оваа изложба нема да биде единствена од ваков вид и дека во иднина авторите ќе имаат уште поголем предизвик за натамошно истражување и исчекорување од класичната графичка уметност“. (Конча Пиркоска)

Ивана Секуловска

Tagged with:

Автор:

Слични статии