Култура
skopski filmski festival

Скопски Филмски Фестивал-18-то издание

Премиерата на македонскиот филм „Медена ноќ“ во режија на Иво Трајков, во киното Милениум го означи почетокот на 18 –то издание на Скопскиот филмски фестивал.  На Фестивалот, во текот на 8 последовалетлни дена ќе понуди над 60 филмови од најновата продукција на светската, европската и македонската кинематографија.

Фестивалската селекција на филмови е поделена во неколку програми, а како новина е најавена програмата на хорор филмови, Повеќе од хорор, во која ќе бидат прикажани четири филма.  И оваа година покрај Главна програма,  ќе ги има, Програма на светски филм, Програма на авторски филм, Програма на документарен филм, Програма на краток  филм,  и  Програма на студентски филм.

Публиката ќе има можност да го види победникот на последниот Берлински филмски фестивал, филмот „Такси“ на славниот ирански режисер Џафар Панахи, како и добитникот на Оскар за најдобар документарен филм за 2014 година, „Граѓанинот четири“. Фестивалската публика ќе има можност да го види и филмот „Забранета соба“ (2015) на режисерот Гај Мадин, кој претставува фасцинантен филмски експеримент.

Младата македонска актерка Наташа Петровиќ ќе ја видиме во германско-австралиската копродукција „Еликсир“, во режија на Броди Хигс. Во програмата Aвторски филм, скопската публика ќе го види најновото остварување на Франсоа Озон, миленикот на фестивалската публика „Новата пријателка“. Фестивалот покрај филмови, и оваа година  ќе организира неколку работилници и мастер класи. Скопскиот филмски фестивал ќе се трае до 24 април, а планираната програма ќе се реализира  во киното „Милениум“ и  во Кинотеката на Македонија.

Слични статии