Култура
najdobar film

Младите избираат најдобар филм

Во киното „Синеплекс“, се одржува паневропскиот настан на Европската филмска академија на кој учествуваат и млади од Македонија, како дел од меѓународното жири од 24 градови од Европа, настан на кој ќе изберат најдобар филм. Стотина млади од земјава, на возраст од 12 до 14 години, заедно со повеќе од 4.000 млади од Европа ќе одлучуваат за најдобар филм во конкуренција од три филма.

Годинава номинирани се следниве филмови:

The Invisibe Boy во режија на Габриеле Салваторес (Италија)

You’re Ugly Too во режија на Марк Нунан (Ирска)

My Skinny Sister во режија на Сана Ленкен (Шведска/Германија)

Гласовите од Република Македонија ќе бидат соопштени преку видео клип во кој ќе земат учество сите учесници, а нашите водители се, 12-годишната Јулиа Анн Цури од Меѓународното училиште – НОВА и 14-годишниот Петар Трајчевски од ОУ „Димо Хаџи Димов“.

По проекцијата на трите номинирани филмови, најавени се многу дискусии и  работилници во кои ќе учествуваат младите. Вечерва од 20 до 21 часот ќе можат да ја проследат официјалната церемонија на доделување на наградите од Ефрут, Германија, што во живо ќе биде пренесувана на големо платно пред киното „Синеплекс“.

Настанот е во организација на Европската филмска академија, Агенцијата за филм на Р. Македонија, „Џифони Македонија“ и „Џифони експириенс“ со поддршка од киното „Синеплекс“, и повеќе спонзори.

Tagged with:

Слични статии