Култура

Конкурс за откуп на публикации

Ресорното министерство ,во согласност со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година, ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за откуп на публикации (први изданија) во печатена и во електронска форма од областа на културата и уметноста, првпат издадени во Република Македонија во 2014 и во 2015 година. Право на учество на конкурсот имаат,  правни лица-издавачи од Република Македонија кои ја издале понудената публикација, автори-издавачи на сопствени дела (публикации) и автори кои ќе приложат писмено известување од издавачот дека им е отстапен дел од тиражот како надомест за авторски труд. Притоа, Министерството за култура ќе им даде приоритет на оригинални дела со културно-уметничка содржина од автори од Република Македонија, пишувани на македонски јазик и на јазиците на заедниците, публикации наменети за деца и млади и публикации наменети за лицата со посебни потреби. Понудените публикации треба да ги поседуваат задолжителните елементи во согласност со Законот за издавачка дејност (Службен весник на РМ 199/2014). Министерството за култура ќе откупи публикации кои не се претходно откупени или финансирани од Министерството за култура.

Од понудените печатени публикации ќе се откупуваат најмногу до 100 примероци, а од електронските изданија најмногу до 30 примероци.

Слични статии