Култура

Читам, значи постојам

Зошто треба да најдеме време за читање книги? Читањето ни ја зголемува интелегенцијата, не прави поелоквентни, ја подобрува меморијата, со читањето го збогатуваме речникот на зборови а со тоа и вештината на говорењето што доведува до поголема самодоверба, преку читањето побрзо наоѓаме тема за разговор, што е особено значајно за младите луѓе,  ја зголемува моќта на мозокот, не релаксира, прави да спиеме подобро, ни ја освежува меморијатаја, а сето ова придонерсува да напредуваме во работата и во градење на нашата кариера. Читањето не тера да престанеме да мислиме за тоа што моментално ни се случува и не мачи, не носи во нови перспективи, не води до нов начин на размислување и нови идеи. Конечно, преку книгите дознаваме дека сонцето не е тука за нас, и дека нашите судбини и несреќи не ни се случуваат само нам.

kniga

Mark Zuckerberg кој минатата година започна со виртуелниот клуб на љубители на книги и  Bill Gates кој секоја вечер чита саат време, истакнаа дека читањето многу им помогнало во нивните кариери.

Читањето е храна и фитнес за мозокот. Исто како на мускулите, и намозокот му е неопходно вежбање за да остане во добра форма. Читањето нуди забавна ментална стимулација, која го одржува мозокот активен. Колку повеќе го ангажирате мозокот, толку посилен и поздрав ќе биде и ќе ве служи подолго време. Научните истражувања потврдуваат дека редовното читање книги го намалува ризикот од Алцхајмерова болест кај старите лица и го забавува напредувањето на болеста.

Читањето и елоквентноста одат рака под рака. Елоквентните личности ја обожаваат книжевноста. Тонењето во убавината на пишаниот збор го збогатува активниот и пасивниот речник, па колку повеќе книги сте оставиле со етикетата „прочитани“, толку потечно и побогато ќе се изразувате. Со  читањето „впивате“ нови зборови и фрази со кои можете да импресионирате.

Книгите го збогатуваат речникот – читањето на различни книги ви помага да научите нови изрази, да започнете да користите поинакви зборови и да го збогатите вокабуларот.

Имате поголема самодоверба – со читањето на повеќе книги станувате поинформирани и поголеми експерти за некоја тема, тоа пак ја зголемува вашата самодоверба.

Го намалуваат стресот – најдобриот начин да се релаксирате по напорниот ден е да прочитате добра книга која ќе ве вовлече во светот на фантазијата и ќе ве оттргне од секојдневните грижи.

Читањето е одлична вежба за концентрација и ја меморијата. Читајќи, вие мора да останете фокусирани на дејството за да не се изгубите во динамиката на книгата. Откривајќи го значењето кое се крие во низите од зборови, вие не му дозволувате на мозокот да се расејува и си ја подобрувате

Може да ви го променат животот – секоја книга има  порака и може да ви помогне во разработувањето на вашата инспирација. Без разлика дали тоа е бизнис книга или пак лесен романтичен роман, книгите имаат посебна моќ за менување на вашиот живот.

Kнигите го надополнуваат стекнатото знаење. И најлошите книги кријат низ страниците нешто ново за вас. Ѕиркајќи во нови култури и места низ светот, извлекувајќи поуки од туѓи грешки, консумирајќи ги мудростите на авторите и проникнувајќи во човековата психа, вие го надградувате знаењето кое никој не може да ви го одземе. Секоја книга го храни вашиот мозок со бројни информации кои ве прават помудри и поподготвени за авантурата наречена живот.

Книгите ја будат креативноста и ја зголемуваат љубопитноста. Со секое превртување на нова корица, вие навлегувате во нови и нови светови кои ги рушат границите што си ги поставува човековиот ум. Анализирањето на размислувања и ставови кои не се поклопуваат со вашите, ви ја распламтува фантазијата и ви ја зголемува креативноста. Книгите се и „порок“ кој создава добра зависност. Колку повеќе читате, толку пољубопитни станувате.

Читањето ви дава тема за разговор – различни книги нудат различни теми за разговор. Кога немате идеја за што да зборувате секогаш може да се најдете во разговор за некоја книга.

Ако мислите дека немате доволно време за читање, размислете повторно. Успешните луѓе читаат секогаш кога имаат време, додека патуваат и кога се одмараат. Наместо да ја гледате два пати повторената реприза на серијата или го прегледувате Facebook/Instagram/Twitter со саати, прочитајте книга, часопис, весник. Создадете рутина на секојдневно читање – секое утро или навечер одредете си 30 или 60 минути кои ќе ги посветите на читањето, рутина која нема да ја прескокнете, како рутината на миење заби.

Слични статии