Култура

Разорен древниот, Дијарбекир, ставен на листата на УНЕСКО

Дијарбекир е дел од градот Сур во Турција, каде се наоѓаат објекти од времето на Римското Царство опкружено со ѕидини, коишто секојдневно се оштетуваат како последица од вооружените судири помеѓу војската на Турција и Курдите. Минатата година, древните делови на овој дел на градот беа ставени на  листата на Светското културно наследство кога беше донесена одлуката во Обединетите Нации. Со тоа беа крунисани десетгодишните напори во обновувањето на подрачјата разорувани од војните, но откако на југоистокот од Турција повторно избувнаа судирите меѓу турските безбедносни сили курдските бунтовници, древниот дел од градот Сур е многу оштетен.

Дијарбекир е мнозински курдски град чиешто старо градско јадро е опкружено со ѕидини долги пет километри. Откако турските безбедносни сили минатото лето покренаа повеќе „антитерористички акции“, од кои една траеше цели три месеца, во градот стар 7.000 години разорени се повеќе од 800 објекти.

Тоа сигурно ќе биде тема на состанокот оваа недела на Одборот за светско наследство во Истанбул кој културните добра ги става на листата на УНЕСКО.

sur1

Дел од градот Сур, град каде беа регистрирани 1.200 историски места, вклучително и каравансараи, цркви и синагоги

„За само една година го минавме патот до впишувањето на листата на УНЕСКО до разорувања од такви димензии што нема шанси за враќање“, изјавил за Reuters Невин Сојукаја, шеф на бирото за историско наследство во Дијарбекир, кој беше ангажиран на впишувањето на Сур на престижната листа на ОН.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за разорувањето на градот ја обвинува забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK).

Пред турската офанзива, во ѕидините беа регистрирани 1.200 историски места, вклучително и каравансараи, цркви и синагоги.

Локалните функционери велат дека веќе распишале тендери за обновување на џамиите и на црквите. Обновувањето на Сур требаше да започне во 2012 година во рамките на поширокиот владин проект за реконструкција на историските градови низ Турција, но поради бунтот на Курдите против владата во Анкара, тие се одложени.

Дел од текстоте преземен од Макфакс 

Автор:

Слични статии