
Дихово меѓу најдобрите 50 скриени локации во светот
— 25 август, 2016Македонското село Дихово, под падините на Баба планина, се најде меѓу 50-те најдобри тајни локации во Европа, според реномираниот туристички водич Lonely Planet. Порталот “Lonely Planet” побара од своите експерти да понудат по пет локации, кои што луѓето ќе ги инспирираат за нивното следно патување. Нивната задача беше да одберат места кои што се речиси занемарени во светските водичи, меѓутоа истите се дестинации кои нудат незаборавно искуство.
Водени од мислата дека се прекрасни, а не доволно популарни, “Lonely Planet” ги повика своите читатели да ги посетат овие места и да уживаат во нивните магии.
Така, на листата на тајни локации во Европа се најдоа Лошињ и Музејот на улична уметност во Загреб во Хрватска, српската престолнина Белград, Морињ во Црна Гора и селото Дихово во нашата прекрасна Македонија.
Откријте ги нашите 50 тајни локации и вашето следно патување на Стариот континент ќе биде незаборавно”, ви порачуваат од “Lonely Planet”.
Автор:
Слични статии
-
-
-
-
Седум билки кои можете да ги одгледувате во вода
1 март, 2017
Последни статии
-
ГОЛЕМИТЕ ИСТОРИИ НА МАЛИТЕ ЛУЃЕ
— 25 јуни, 2022(Кон збирката раскази „Луѓенца“ од Лилјана Пандева во издание на ПНВ Публикации, Сkопје, 2020) Тркалото на историјата секогаш го завртувале големите личности со пронајдоци, политички стратегии, големи уметнички дела, но и со големи војни и геноциди. Но, некаде внатре, во сите нивни дела пулсира животниот вруток на оние што иницирале, што направиле, што извршиле, што…
-
МУДРО ЗА ВРЕМЕТО И ПРИСУТНОСТА
— 24 јуни, 2022(Кон поетската збирка „Секој секому огледало“ од Андреј Ал-Асади, во издание на ПНВ Публикации, Скопје, 2022) Андреј Ал-Асади е млад поет со висока гама на мудрост во своите стихови. Неговите три поетски збирки нудат луцидни, контемплативни, но и сигнификантни стихови каде тој на многу наврати ја анализира релацијата „постоење – присутност“ во антрополошката траекторија на…
-
Вечерва ќе биде доделана наградата ДЕНЕС 2022 – финалисти се четворица македонски уметници
— 22 јуни, 2022Во Националната галерија на Република Северна Македонија – мултимедијален центар „Мала станица“, вечерва во 19 часот ќе биде врачена наградата ДЕНЕС 2022 на четворица млади уметници од нашата земја Македонија. Овој настан како и самиот избор, по шеснаесетти пат е на Факултетот за работи што не се учат – ФРУ, Скопје во соработка со Центар…
-
Промоција на „Заследи ме“ од Јордан Коцевски
— 16 јуни, 2022Вечерва, на платото пред Младинскиот културен центар, ќе се одржи промоција на книгата „Заследи ме“ од Јордан Коцевски, на која промотор ќе биде Златко Гелески, а настанот ќе го модерира Јулијана Величковска. „Зафаќајќи се со современа тема, Коцевски си игра со логиката на денешната култура, која и тоа како е моделирана од социјалните мрежи. Марина,…
-
Отворен повик за нова генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“
— 16 јуни, 2022Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ објави повик за учесници во работилница за креативен и документарен филм. Годинава ќе се организира по четтврти пат ваква работилница на „Докуникулци“ на возраст од 14 до 18 години, кои сакаат да бидат дел од годинешната работилница за креативен документарен филм. Деталите за пријавување на конкурсот за „Докуникулци“ се…
-
ТЕЖИНАТА НА СЕГАШНИОТ МИГ
— 16 јуни, 2022(Кон 67-то издание на Стерииното позорје во Нови Сад, Србија, 2022 година) Новото време истоштено од современите несреќи кои се се повеќе невидливи, неочекувани и непредвивдливи, длабоко влијае врз стварноста каде за жал е отворен голем јаз на осаменост и отуѓеност. Овогодинешното Стериино позорје одржано под мотото „Време на мачнината“ донесе многу актуелни театарски промислувања…
-
Објавен четвртиот том од „Визуелна хроника на македонскиот стрип“
— 15 јуни, 2022Излезе од печат четвртиот том од едицијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново дело на стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип. Со неа авторот ја продолжува својата мисија за прибележување на историјата на деветтата уметност на македонско тло, овојпат обработувајќи го периодот 2012-2015 година, во кој македонската стрип-ренесанса ја достигнува својата кулминативна точка. -Исто како и…
-
ВО ПРОСТОРОТ НА НОВИТЕ ТЕАТАРСКИ ГЛАСОВИ
— 14 јуни, 2022(Кон Фестивалот „Нова драма“ одржан од 16 – 21 мај во Братислава, Словачка) Фестивалот „Нова драма“ во Братислава ги носи новите драмски мисли, но и новите режисерски концепти инспирирани од сегашниот миг и од современите болести на дваесет и првиот век. Формиран на почетокот од овој век од страна на Театарскот институт може да се…