Култура

Kултни режисери во трката за „Златен лав„

Годинешното 73. издание на Венециски филмски фестивал, ќе биде едно од најквалитетните и најпрестижни изданија, според учеството на култни режисери оваа година. Фестивалот кој се одржува од 31 август до 10 септември, нуди програма со  најголемите филмски имиња на филмот од светот а и концентрацијата на култните филмски имиња е поголема во споредба со она што беше видено на  последниот Кански фестивал.

maxresdefault

Годинава, филмскиот фестивал во Венеција, ќе ги прикаже најновите филмови на  етаблирани  режисери како, Том Форд, Теренс Малик, Паоло Сорентино, Вим Вендерс, Мел Гибсон, Франсоа Озон, Андреј Кончаловски, Ким ки-Дук, Шабло Лорен, Дејмијан Шазел, Емир Костурица.  Еден од култните режисери оваа година во Венеција е и Емир Костурица со филмот „На млечниот пат“, кој премиерно ќе биде прикажан во натпреварувачка програма во Венезија.

Годинешната селекција според пишувањата на светските весници, изгледа дека ќе го врати статусот кој го имаше  Мострата,  „како остроумна платформа во сезоната на награди“. Минатата година овој фестивал го лансираше филмот (“Spotlight”), „Рефлектор“ а пред тоа „Човек птица“ и „Гравитација“ кои подоцна освоија по неколку Оскари.

 

Долгоочекуваното остварување на Емир Костуроица,  „На млечниот пат“ е негов долгометражен игран филм после филмот „Завет’ од 2007 година, филм  кој премиерно беше прикажан на фестивалот во Кан.

Емир Кустурица, беше во Венеција со култниот „Се сеќаваш ли на Доли Бел?“ во 1981, додека со „Црна мачка, бел мачор“ во 1998 година го освои „Сребрениот лав“. Оваа година Кустурица по трет пат ќе се бори за престижниот „Златен лав“ со филм работен во копродукција на Србија, Велика Британија и САД.

Новиот филм на Кстурица е епска авантура во кој Костурица го игра главниот лик, човек во неговите три различни периоди од неговиот живот, во војната млекар кој има афера со жена која ја игра славната Моника Белучи. Во филмот се појавуваат и Сергеј Трифуновиќ, Мики Манојловиќ, како и тројца македонски актери: Петар Мирчевски, Ратка Радмановиќ и Бајрам Северџан, кој има играно во повеќето филмови на Кустурица.

emir

Оваа година во конкуренција за „Златен лав“ покрај филмот на Костурица се најде и трилерот „Ноќни суштества“ на Том Форд, (Nocturnal Animals”) во кој играат Ејми Адамс и Џејк Џиленхал.  Денис Вилнев ќе се претстави со научно-фантастичниот “Arrival” -„Пристигнување“. Филмот „Џеки“ на Пабло Лореин е филм за Џеки Кенеди Оназис, во кој игра Натали Портман. Дерек Чанфренс ќе се претстави со филмот „Светло помеѓу морињата“, во кој играат: Алисија Викандер, Мајкл Фасбиндер, Рејчел Вајз и Брајан Браун, додека на познатиот Теренс Малик, ќе се прикаже документарниот „Патување на времето“, каде што наратор е Кејт Бланшет. Меѓу попознатите автори е и мексиканскиот режисер, кој годинава е почесен гостин во Сараево, Амат Ескаланте со неговиот нов филм „Нескротен“. Дејмијан Шазел е присутен со филмот “La La land”, додека Џим Кери и Кијану Ривс играат во филмот на иранско-американска режисерка Ане Лили Амирпур, која исто така е во конкуренција за „Златен Лав“. Вим Вендерс, кој има освоено „Златен Лав“ во 1972 година, доаѓа на Мостра со филмот во француско-германска копродукција, драмата со наслов „Прекрасните денови на Арањуез“.  Во главна натпреварувачка програма е и „Франц“ на Франсоа Озон, „Живот“ на Стефан Бризе, драмата „Рај“ („Paradise“) на Андреј Кончаловски, како и холандскиот трилер на Мартин Колховен „Бримстон“.

Надвор од конкуренцијата ќе бидат  прикажани филмот “Hacksaw Ridge“ на Мел Гибсон, “The Magnificent Seven”во режија на Ентони Фикуа, како и драмата за боксот  “The Bleeder”  во режија на Филип Фалард.

12705247_10153930020357232_3292680094967535083_n

Mексиканскиот режисер, , Амат Ескаланте со неговиот нов филм „Нескротен“

Годинава од регионот во Венеција има по еден филм од Словенија и од Хрватска во програмите „Хоризонти“ и „Денови на авторите“. Сара Керн од Словенија е вклучена во програмата „Хоризонти“ со краткиот филм „Среќно, Орло“, додека во рамките на независните „Денови на авторите“ ќе се прикаже хрватско-данскиот „Не гледај во мојата чинија“ на Хана Јушиќ. Главното жири оваа година го предводи британскиот режисер Сем Мендес, познат по извонредниот филм „Американска убавина“, но и по последните два филма за Џемс Бонд.

Tagged with:

Слични статии