Култура

Норвешка со највисока еколошка свест кога се работи за шумите

Норвешка е држава со најразбудена еколошка свест. Оваа земја многу активно се бори против уништувањето на шумите, не само во својата земја туку и на глобално ниво.

Оваа земја се заложува за нула-уништување на шумите, кажува партнерот на Обединетите Нации, Climate Action. На ваков потег се одлучува оваа нација за да нема недостаток на алка во синџирот на исхрана кој ќе придонеси за исчезнување на дождовните шуми.

Amazon1

Норвешка во  2008 година му даде на Бразил една милијарда долари, земја којашто е дом на 60% од Амазон, за да се спречи неконтролираната сеча на прашумите. Бразил тоа го спроведе, така што до 2015 година оваа јужноамериканска држава го намали уништувањето на шумите за невероватни 75%, заштитувајќи 33.000 квадратни милји шума со што се одржуваат 3.2 милијарда тони на јаглеродни емисии надвор од атмосферата, што е три пати поефективно отколку кога САД би ги тргнала сите возила од патиштата за една година, пишува National Geographic.

„И другите земји треба да го следат примерот на власта во Норвешка и да се обврзат на нула-сеча на шумите, особено Германија и Велика Британија кои заедно со Норвешка се обврзаа на тоа, на Саемот за климатските промени во ОН.“ – вели Ranum.

„Ова е важна победа во борбата за заштита на дождовните шуми. Во текот на последните неколку години, голем број на компании имаат обврска да престанат со набавки на стока кои се производ на шумите.“ – вели Nils Hermann Ranum, од Фондацијата за прашуми на Норвешка.

Amazon

„Досега ова не било проследено со слични заложби од владите. Добро е што сега се следи овој пример и се поставуваат истите услови кога станува збор за јавни набавки.“

Фондацијата има стратегија за повеќе години за да стане ова реалност. На климатскиот самит на ОН кој беше одржан во Њујорк во 2014 година, Норвешка, Германија и Велика Британија ветија дека „ќе ги промовираат националните обврски кои потикнуваат заштита на шумите преку политика на набавки на одржливи производи кои ќе сопрат сеча на шумите“.

Според Climate Action, производството на палмино масло, соја, говедско месо и производи од дрво во седум земји со висока стапка на шумска сеча ( Аргентина, Боливија, Бразил, Парагвај, Индонезија, Малезија и Папуа Нова Гвинеја) придонесоа за 40% на севкупното глобално уништување на тропските шуми и 44% зголемени емисии на јаглероден диоксид од 2000 до 2011 година.