
„Ибни Пајко“ по трет пат куртули од барок
— 10 септември, 2016Пропадна и третиод обид на град Скопје,. зградата на Ибни Пајко да добие т.н. барокна фасада. По трет пат до комисијата ниту една фирма не поднела понуда, па така архитектите се одзваа по трет пат на повикот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија да не учествуваат на овој оглас.
Инаку, градот Скопје, третиот оглас за понудувачи за менување на фасадата на ова Ибни Пајко го објави во јули оваа година, откако пропадна вториот оглас за менување на фасадата на објектот изграден во далечната 1938-година по проект на Глигорие Томиќ.
Два пати претходно, при отворањето на понудите за изготвување основен проект за реконструкција на фасадата не се пријави ниту една фирма. По последниот неуспешниот втор обид, Градот повторно распиша трет оглас. Покрај Ибни Пајко, кој се наоѓа на Црвена скопска улица со број 56, нова фасада ќе добие и објектот со број 58. Со тоа барокот би се раширил и низ плоштадот Филип Втори.
Од Асоцијацијата на архитекти не отстапуваат од барањето нивните колеги да го бојкотираат конкурсот. Асоцијацијата на архитекти на Македонија, најави дека колку пати Градот ќе распише оглас за барокна фасада на „Ибни Пајко“, толку пати тие ќе го повторат повикот до проектантските бироа и до архитектите да го бојкотираат огласот за да се заштити сегашниот изглед на зградата. Упорноста секој објект кој е замислен да биде во барок е приказна која се наметна под диктат на власта и ќе ја тераат до крај, смета Сања Раџеновиќ, но според неа, во моменталната политичка ситуација, тоа треба да биде најмал приоритет.
-Изготвувачите на идејните проекти на барокот, они работат идејни проекти по нарачка, кои всушност не се ни проекти, истите тие архитекти не се автори на основните проекти, тие на крај не се ни доволно квалитетни и немаат доволно проектантска вештина да можат да го изработат основниот проект на идејниот проект претходно. Се вртат едните исти фирми, изјави Сања Раџеновиќ од асоцијацијата на архитекти.
Идејниот проект за барокна фасада е изработен од Лазар Димов и Никола Стакинов. Тие беа и единствените архитекти кои се пријавија и поминаа на конкурсот во средината на февруари.
Автор:
Слични статии
-
-
-
За рушењето на „Беко“
23 мај, 2018 -
Последни статии
-
НЕДОЈДИЈА И ПАТРИЈАРХАТОТ
— 6 август, 2022(Кон претставата „Поле“ по драмската предлошка на Марек Годович во режија на Вероника Малгот, а во продукција на независната театарска група “The NUDE” од Братислава, Словачка. Главни улоги: Либуша Бахрата, Јана Бучка, Вероника Малгот, Лидија Ондрушова) Харуки Мураками во својот масивен роман „1Q84“ во еден момент вели: „Човечките суштества во крајна линија не се ништо…
-
Претставата „Црнила Ремикс“ на МКЦ на меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“
— 6 август, 2022Театарскииот хип-хоп проект „Црнила Ремикс“ на МКЦ Скопје, е дел од официјалната селекција на Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“, кој од 5 до 9 август ќе се одржи во Ниш, Србија, во Нишката тврдина. Во рамките на популарниот „Нишвил џез фестивал“ од 2017 година како посебна програмска целина, постои Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“, на…
-
МЕНТАЛИТЕТОТ И НЕДОРАЗБИРАЊЕТО
— 4 август, 2022(Кон претставата „Ролеркостер“ по текст на Јелена Кајго во режија на Милица Краљ, а во продукција на Ателје 212 од Белград, Србија. Главни улоги: Дара Џокиќ, Милица Михајловиќ, Катарина Марковиќ, Јелена Петровиќ, Владислав Михаиловиќ, Петар Михаиловиќ, Теодор Винчиќ) Секоја средина е комплекс од начини на размислување кои наметнувајќи се создаваат еден колективен ментален склоп од…
-
ТКИВОТО НА АРХАИКАТА
— 28 јули, 2022(Кон претставата „Кај вечната славина“ од Момчило Настасиевиќ во режија на Соња Петровиќ, а во изведба на Српскиот народен театар и Цатарот за развој на визуелната култура од Нови Сад. Глaвни улоги: Соња Исаиловиќ, Стефан Вукиќ, Бојана Милановиќ, Вукашин Ранѓеловиќ, Милош Лазиќ) Играта на сензибилитетот е од исклучителна важност на секоја театарска претстава, но уште…
-
ИДЕНТИТЕТСКИТЕ ОСТРОВИ НА САМОИЗМАМАТА
— 25 јули, 2022(Кон претставата „Јас сум онаа што не сум“ по текстови на Мате Матишиќ во изведба на Загребачкиот Театар на Младите во режија на Паоло Маѓели. Главни улоги: Анѓела Рамљак, Миливој Беадер, Луција Шербеџија, Дадо Ќосиќ, Урша Раукар) Има претстави чиј начин на промислување не наведува да си направиме сами своја реконструкција на општествените и социјални…
-
ТАЖНАТА ГЕОМЕТРИЈА НА ПРАЗНОТО БЛАГОДОРНИШТВО
— 20 јули, 2022(Кон претставата „Во агонија“ од Мирослав Крлежа во режија на Ивица Буљан, а во продукција на Хрватскиот Народен Театар. Главни улоги: Нина Виолиќ, Крешимир Микиќ, Ливио Бадурина) „Во агонија“ е една од пиесите на Крлежа кои се занимаваат со бавното, но многу коренито заминување на благородништвото од Хрватска. Имено, тој со тоа тлеење на сината…
-
43, ИФФК „Браќа Манаки“ од 20 до 27 август: Фестивалот се дожувува како семејство на кинематограферите
— 20 јули, 2022Годинешното 43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржи порано од вообичаениот термин, наместо во септември, кога вообичаено се одржуваше фестивалот, годинава тој ќе се одржи од 20 до 27 август во Битола. Исто така, фестивалот ќе трае подолго, односно програмата ќе се реализира во осум фестивалски денови, со тоа што годинава во фестивалската…
-
СВЕТЦИТЕ ОД ДНОТО НА ЧОВЕШТВОТО
— 18 јули, 2022(Кон претставата „Чудо во Шарган“ од Љубомир Симовиќ во режија на Јагош Марковиќ, а во продукција на Југословенскиот Драмски Театар од Белград. Гл. улоги: Анита Манчиќ, Тамара Драгичевиќ, Сара Марковиќ, Миодраг Драгичевиќ, Марко Јанкетиќ) Поетскиот реализам има чудни патишта низ кои повремено се кријат и тенките линии на маѓиските аспекти, а во некои други уметности…