
„Don’t Stop Me Now“ од Квин е избрана за највесела песна на светот
— 20 октомври, 2016Бројни студии ја имаат докажано врската помеѓу расположението и музиката. Истражувачите од Универзитетот во Мисури утврдилe дека дво-неделно слушање на музика со брз ритам, независно од жанрот, го поправа расположението и луѓето се чувствуваат повеќе среќни, пишува Аlternativa informacije. Научниците се фрлија на работа да ја откријат најсреќната песна на светот.
Научникот Џејкоб Џолиј ја создал формулата за анализирање на 126 песни во 50-годишниот период. Меѓу предложените песни, испитаниците требале да ја одберат песната која најмногу ги развеселува. Покрај одговорите на испитаниците, Џолиј ги зел во предвид и темпото на песните, тоналитетот, темата и текстот. Открил дека песните прогласени од испитаниците за среќни, се правени главно во повисоки тонови и во просек побрзи од просекот, односно од 140 до 150 БПМ.
За најсреќна песна е прогласена ‘Don’t Stop Me Now’, од групата Квин. (Queen)
Автор:
Слични статии
-
-
ОФФест од јуни се преместува за наесен
18 мај, 2020 -
-
„Боемска рапсодија“ доби совршена анимација (ВИДЕО)
19 март, 2019
Последни статии
-
ЖЕНСКОТО ТЕЛО КАКО ХАЛУЦИНАЦИЈА НА ЛЕГИТИМИТЕТОТ
— 27 јуни, 2022(Кон претставата „Последните девојчиња“ по текст на Маја Пелевиќ во режија на Кокан Младеновиќ, а во продукција на театарот „Деже Костолањи“ од Суботица, Србија. Гл. улоги: Давид Бубош, Тимеа Филеп, Николета Гргиќ, Борис Кучов, Габор Месарош, Андреа Веребеш) Пишувајќи ја оваа рецензија попатно ја добивам информацијата дека конгресот на САД донесува флагрантен закон за забрана…
-
ГОЛЕМИТЕ ИСТОРИИ НА МАЛИТЕ ЛУЃЕ
— 25 јуни, 2022(Кон збирката раскази „Луѓенца“ од Лилјана Пандева во издание на ПНВ Публикации, Сkопје, 2020) Тркалото на историјата секогаш го завртувале големите личности со пронајдоци, политички стратегии, големи уметнички дела, но и со големи војни и геноциди. Но, некаде внатре, во сите нивни дела пулсира животниот вруток на оние што иницирале, што направиле, што извршиле, што…
-
МУДРО ЗА ВРЕМЕТО И ПРИСУТНОСТА
— 24 јуни, 2022(Кон поетската збирка „Секој секому огледало“ од Андреј Ал-Асади, во издание на ПНВ Публикации, Скопје, 2022) Андреј Ал-Асади е млад поет со висока гама на мудрост во своите стихови. Неговите три поетски збирки нудат луцидни, контемплативни, но и сигнификантни стихови каде тој на многу наврати ја анализира релацијата „постоење – присутност“ во антрополошката траекторија на…
-
Вечерва ќе биде доделана наградата ДЕНЕС 2022 – финалисти се четворица македонски уметници
— 22 јуни, 2022Во Националната галерија на Република Северна Македонија – мултимедијален центар „Мала станица“, вечерва во 19 часот ќе биде врачена наградата ДЕНЕС 2022 на четворица млади уметници од нашата земја Македонија. Овој настан како и самиот избор, по шеснаесетти пат е на Факултетот за работи што не се учат – ФРУ, Скопје во соработка со Центар…
-
Промоција на „Заследи ме“ од Јордан Коцевски
— 16 јуни, 2022Вечерва, на платото пред Младинскиот културен центар, ќе се одржи промоција на книгата „Заследи ме“ од Јордан Коцевски, на која промотор ќе биде Златко Гелески, а настанот ќе го модерира Јулијана Величковска. „Зафаќајќи се со современа тема, Коцевски си игра со логиката на денешната култура, која и тоа како е моделирана од социјалните мрежи. Марина,…
-
Отворен повик за нова генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“
— 16 јуни, 2022Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ објави повик за учесници во работилница за креативен и документарен филм. Годинава ќе се организира по четтврти пат ваква работилница на „Докуникулци“ на возраст од 14 до 18 години, кои сакаат да бидат дел од годинешната работилница за креативен документарен филм. Деталите за пријавување на конкурсот за „Докуникулци“ се…
-
ТЕЖИНАТА НА СЕГАШНИОТ МИГ
— 16 јуни, 2022(Кон 67-то издание на Стерииното позорје во Нови Сад, Србија, 2022 година) Новото време истоштено од современите несреќи кои се се повеќе невидливи, неочекувани и непредвивдливи, длабоко влијае врз стварноста каде за жал е отворен голем јаз на осаменост и отуѓеност. Овогодинешното Стериино позорје одржано под мотото „Време на мачнината“ донесе многу актуелни театарски промислувања…
-
Објавен четвртиот том од „Визуелна хроника на македонскиот стрип“
— 15 јуни, 2022Излезе од печат четвртиот том од едицијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново дело на стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип. Со неа авторот ја продолжува својата мисија за прибележување на историјата на деветтата уметност на македонско тло, овојпат обработувајќи го периодот 2012-2015 година, во кој македонската стрип-ренесанса ја достигнува својата кулминативна точка. -Исто како и…