Култура

Германија размислува да ги тужи Фејсбук и Марк Закербер

Германското Јавно обвинителство повторно ја разгледува можност да поднесе тужби против сопствениот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Закерберг и други директори на компанијата, затоа што не спречиле расистички и заканувачи објави за време на бегалската криза во земјата.

Според Јавното обвинителството во Минхен, тужбата против Фејсбук е можна откако германска адвокатска фирма поднесла жалба, според која, социјалната мрежа ги крши строгите национални закони против говорот на омраза, противуставно делување и поддршка за терористички организации.

Адвокатската фирма „Јун адвокати“ од Баварија, бара на Фејсбук да му се наложи, врз основа на законите против говорот на омраза, да мора да отстранува расистички и насилни објави од социјалната мрежа.

Компанијата „Фејсбук“ жалбата од германската адвокатска фирма ја отфрли како неоснована, укажувајќи дека германските судови и предходно ги прогласувале нивните жалба како неосновани.

Под притисок на германската јавност и институции, Фејсбук на почетокот на годината ја најми компанијата „Арвато“, која е дел од корпорацијата „Бертелсман“, да ги надгледува и да ги брише сите навредливи, насилни и расистички објави.

Tagged with:

Автор:

Слични статии