
Скопје на светска листа на (не)инвентивност
— 24 октомври, 2016Скопје е на дното на листата којашто ја покажува инвентивноста на градовите во светот. Главниот град се најде на 430 место на листата на инвентивни градови на која се најдоа 442 града од целиот свет. На првото место на светската листа е Лондон, а по него се Сан Франциско, Виена, Бостон и Сеул. Листата (којашто можете да ја погледнете на линкот http://www.innovation-cities.com/innovation-cities-index-2015-global/9609 , е правена врз основа на анализата на институтот „Ту тинк нау“ (2thinknow), со седиште во Мелбурн, Австралија. Скопје го делат 12 града од последното место и е во друштво на танзаниски Дар ес Салаам, Тегусигалпа од Хондурас, Алжир, белоруски Минск, пакистански Лахор и други.
Листата се составува врз основа на 162 податочни индикатори, а е заснована на основните фактори како што се здравјето, богатството, популацијата или географијата.
Од другите балкански градови, Белград е на 101. место, Љубљана на 154-то, Софија на 254-то, а Загреб на 237-то.
Според институтот, заеднички за развиените градови се подобрувањето на економските услови, стартап-претпријатијата и технолошките сектори, во кои македонскиот главен град очигледно не е успешен.
Индексите на Ту тинк нау се објавуваат секоја година со предусловите за иновации во секој град на листата, а во 2015 година на глобално ниво во индексот се наоѓаат 500 града.
Според индексот, градовите со повеќе иновации имаат повисоко економско производство и се најдобрите дестинации за инвестирање во комерцијални производи, услуги или социјални иновации без одреден индустриски фокус.
Автор:
Слични статии
-
-
-
„Медена земја“ меѓу 11-те филмови на годината во Австралија
26 декември, 2020 -
Зошто болшевиците никогаш не ѝ го смениле името на Москва?
17 септември, 2020
Последни статии
-
Миливоје Млаѓеновиќ: Се во театарот вреди повеќе од отровниот отпад на стварноста
— 13 август, 2022Уметноста не би требала да биде утилитарна, бидејќи тогаш е оштетена, идеолошки нагризана, значи – сомнителна. Би било најдобро таа да му служи на човекот да истрае, да не се уништи самиот себе, за што е најблиску од било кога, бидејќи е суетен, граблив, богохулен и лицемерен, вели Миливоје Млаѓеновиќ, селектор на годинешното 67. Стериино…
-
ЗА ГНЕЗДАТА НА ВОЛШЕБНИЧКИТЕ
— 10 август, 2022(Кон претставата „Убавите Види убаво горат“ од Симона Семенич во режоја на Маша Пелко и во продукција на „Прешерновиот театар“ од Крањ. Главни улоги: Дарија Рајхман, Весна Јевникар, Весна Слапар, Доротеја Надрах, Миха Родман, Аљоша Терновшек) Легендата за Убавата Вида инспирирала многу словенечки поети, драматичари и прозни автори меѓу кои и Иван Цанкар и Руди…
-
На „МакеДокс“ ќе се прикажат 71 филм, годинава земја во фокус е Чешка
— 10 август, 2022Под мотото „Лупење идеи“, годинава од 18 до 25 август ќе се одржи 13. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. По две бурни години за целиот свет, повторно дојде време да си дадеме сила за реализирање на нови идеи, рекоа организаторите на „Македокс“ на денешната прес конференција. што се одржа на платото пред…
-
Почина Љубиша Никодиновски – Биш, еден од основачите на МОТ
— 10 август, 2022Почина Љубиша Никодиновски-Биш, театарски актер и продуцент и еден од основачите и долгогодишен селектор на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) во 1976. Творештвото на Никодиновски – Биш е богато. Покрај со театарска критика и есеистика, работел и како театарски глумец и продуцент, а бил и раководител на театри и фестивали. Како тетарски глумец, работел во…
-
ПЕРСИФЛАЖНО ЗА МАЛОГРАЃАНСКОТО СЛЕПИЛО
— 8 август, 2022(Кон претставата „Избирачка“ од Коста Трифковиќ во режија на Ива Милошевиќ, а во продукција на Народниот театар од Суботица, Србија. Гл. улоги: Миња Пековиќ, Милош Станквоиќ, Срѓан Секулиќ, Игор Грекса, Владимир Грбиќ) Коста Трифковиќ е српски класик од деветнаесеттиот век, комедиограф кој ги пишуваш т.н. шеговити комедии и кој е еден од најпреведуваните писатели на…
-
Со филмот „Раката на господ“ на Паоло Сорентино се отвора 43. ИФФК „Браќа Манаки“
— 8 август, 2022Со филмот „Раката на господ“ на Паоло Сорентино ќе се отвори 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, што оваа година ќе се одржува од 19 до 26 август. Во Битола ќе пристигнат многубројни гости што се во врвот на светската кинематографија и воопшто во филмот. Така, на ова 43…
-
Со „Раката на господ“ на Паоло Сорентино се отвора 43. ИФФК „Браќа Манаки“
— 8 август, 2022Со филмот „Раката на господ“ на Паоло Сорентино ќе се отвори 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, што оваа година ќе се одржува од 19 до 26 август. Во Битола ќе пристигнат многубројни гости што се во врвот на светската кинематографија и воопшто во филмот. Така, на ова 43…
-
НЕДОЈДИЈА И ПАТРИЈАРХАТОТ
— 6 август, 2022(Кон претставата „Поле“ по драмската предлошка на Марек Годович во режија на Вероника Малгот, а во продукција на независната театарска група “The NUDE” од Братислава, Словачка. Главни улоги: Либуша Бахрата, Јана Бучка, Вероника Малгот, Лидија Ондрушова) Харуки Мураками во својот масивен роман „1Q84“ во еден момент вели: „Човечките суштества во крајна линија не се ништо…