Култура

Тенерифе е егзотичен остров и магнет за туристи

Тенерифе е најголемиот и најнаселен остров од седумте Канарски Острови во Атлантски Океан и воедно најнаселен шпанси остров сп шпвршина од 2,034.38 км² и  898,680 жители,  што претставува 43 проценти од наслението на Канарските острови.  Околу пет милиони туристи го посетуваат овој егзотичен остров секоја година, наречен уште и остров на вечната пролет, поради одличните временски услови, со температура што се движи од 25 до 30 степени. Туристите го посетуваат островот поради прекрасни  песочни плажи и тиркизното море. Пријатниот ветер што дува постојано е одлично освежување за посетителите.

tenerife-3

 

Тенерифе е седми остров на Канарскиот архипелаг, сместен во Атлантски Океан, на 300 километри оддалеченост од Африка и околу 1.300 километри од континенталниот дел на Шпанија. Островот е од вулканско потекло и поради разновидната природа, која изобилува со планински предели, густи шуми и егзотични растенија, е многу интересен и нуди голем број активности за посетителите. Оние што сакаат забава можат да избираат меѓу богатата понуда на многубројните клубови, ресторани, таверни и барови. Меѓу најомилените туристички дестинации се Плаја Параисо, Медано, Плаја де лас Америкас, Коста Адеје, Санта Круз, Пуерто де ла Круз и други.

Санта Круз де Тенерифе е главен град на островот и  главен град на автономната заедница на Канарските Острови.download

Островот е дом на Универзитетот Ла Лагуна, кој е основан во 1792 година и е најстариот универзитет на Канарските Острови. Сан Кристобал де Ла Лагуна е вториот по големина град на островот. Градот Ла Лагуна исто така беше главен град на Канарските Острови, додека Санта Круз го замени во 1833 година

Тенерифе домаќин на еден од најголемите во светот карневали и карневалот во Санта Круз де Тенерифе се обидува да стане светско културно наследство.Тенерифе се служи со два аеродроми, Тенерифе Северен аеродром и Тенерифе Јужен аеродром, градот е туристички  и економски центар на архипелагот.
Секој посетител на Тенерифе мора да ги посети и најпознатите културни, но и природни споменици на островот. Меѓу нив секако е вулканот Теиде, најголем во Европа и трет по големина во светот. Најдобро е да се дојде тука во рамките на целодневен излет, кој предвидува и посета на националниот парк Дел Теиде. Вулканот е симбол на Тенерифе и еден од ретките се уште активни во Европа, а се смета за света и митолошка планина на народот наречен Гуанчес, пражители на островот.
000003_00052bd3_1 download-1 download images-1 images-2 images-3 images-4 images-5 images-6 images-7 images-8 images tenerife-1 tenerife tenerife_landsat-canary_islands tenerife2 tenerife-3 tenerife-5 tenerife39_tcm55-27984
.

Автор: