Култура

На „Синедејс“ се четири од петте кандидати за европскиот „Оскар“

Со филмот „Дневникот на машиновозачот“ во режија на Милош Радовиќ, во кој главната улога ја толкува Лазар Ристовски, утревечер, во 20 часот во киното „Милениум“ ќе се отвори 15. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, кој ќе трае до 19 ноември. На годинешното издание на „Синедејс“ ќе бидат прикажани четири филма кои се кандадати за европскиот „Оскар“, наградите за Европската филмска академија. Еден час подоцна, во киното „Фросина“ ќе биде прикажан биографски филм за легендарниот џез-музичар Мајлс Дејвис, „Милји понапред“ во режија на Дон Чидл како дел од програмата на музичко-документарни филмови. Во официјалната селекција на годинешното издание ќе се прикажат осум филма кои ќе се борат за наградите за најдобар филм, режија и сценарио за кои ќе решава жири во состав: Чедомир Колар, Зринко Огреста и Игор Иванов-Изи.  Ексклузивен гостин ќе биде Илајџа Вуд, познат по улогата на Фродо во „Господар на прстените“, кој со своето музичко дуо ќе го затвори фестивалот. 

Во натпреварувачката прoграмата „Синебалкан“ за наградата најдобар филм ќе се натпреваруваат шест филма. Во рамки на гала-програмата ќе се проектираат 25 остварувања на врвни светски режисери, меѓу кои се и „Убавите денови во Аранхуез“ на Вим Вендерс, „Патерсон“ на Јим Јармуш, „Јас, Даниел Блејк“ на Кен Лоуч, „Непознатата девојка“ на браќата Дарден, „Рај“ на Андреј Кончаловски, „Аве, Цезар“ на браќата Коен, „Кафе-Друштво“ на Вуди Ален, „Хулиета“ на Педро Алмодовар, „Таа“ на Пол Верховен. Ќе бидат прикажани и филмови во програмите: „ЛГБТ“, „Македонски кратки филмови“, студентска и детска програма, музички документарни филмови, како и „101 година од раѓањето на Орсон Велс“, а ќе се одржат и работилници за продукциски дизајн, за драматургија и за стоп анимација. Специјален гостин е актерот Елајџа Вуд, кој ќе настапи во Младинскиот културен центар како член на диџеј-дуото „Wooden Wisdom“ на последниот фестивалски ден, кога ќе биде прикажан и „Устав на Република Хрватска“ во режија на Рајко Грлиќ.

Автор:

Слични статии