Привремената Комисија за следење на медиумското претставување на денешната седница со три гласа „за“ донесе одлуки за поведување прекршочни постапки против телевизиите „Нова“ и „Алфа“, за прекршоци од членот 75 став 1 на Изборниот Законик.

 Со истите три гласа „против“ Комисијата отфрли предлози за поведување прекршочни постапки против телевизиите „Телма“ и „24 Вести“, за истиот член од законот со кој се бара  правично, балансирано и коректно известување во текот на предизборниот период.

Во тек на претходниот ден, Комисијата донесе одлука за поведување прекршочна постапка и против телевизија „Сител“, а беше отфрлено барањето за постапка против телевизија „Алсат“, двете по член 75 став 1.