
За првпат заловена женка балкански рис
— 22 февруари, 2017Тимот за проучување на балканскиот рис од Македонското еколошко друштво за првпат залови женка од овој ендемски загрозен вид објави Екологист.
Маја е името што биолозите и го дадоа на женката, на која и поставија околувратник што ќе испраќа џи-пи-ес сигнали, и кој ќе помогне да се проучи нејзината територија по која се движи и начинот на живот. Таа била заловена на планината Стогово, во шума што била богата со нејзиниот плен, срните.
Тимот реагирал веднаш откако добил сигнал дека животното било фатено во стапицата, и за помалку од еден час го успале, го измериле, му зеле примероци за генетско испитување и му поставиле околувратник. Истражувачите велат дека ова била алката што недостасувала во проучувањето на просторната екологија на балканскиот рис. Нејзиното заловување исто така може да помогне да се открие засолниште со мали рисчиња.
Во досегашното проучување беа заловени четири мажјаци од балканскиот рис, на кои исто така им беше поставен околувратник што испраќа сателитски сигнали.
Автор:
Слични статии
Последни статии
-
ЖЕНСКОТО ТЕЛО КАКО ХАЛУЦИНАЦИЈА НА ЛЕГИТИМИТЕТОТ
— 27 јуни, 2022(Кон претставата „Последните девојчиња“ по текст на Маја Пелевиќ во режија на Кокан Младеновиќ, а во продукција на театарот „Деже Костолањи“ од Суботица, Србија. Гл. улоги: Давид Бубош, Тимеа Филеп, Николета Гргиќ, Борис Кучов, Габор Месарош, Андреа Веребеш) Пишувајќи ја оваа рецензија попатно ја добивам информацијата дека конгресот на САД донесува флагрантен закон за забрана…
-
ГОЛЕМИТЕ ИСТОРИИ НА МАЛИТЕ ЛУЃЕ
— 25 јуни, 2022(Кон збирката раскази „Луѓенца“ од Лилјана Пандева во издание на ПНВ Публикации, Сkопје, 2020) Тркалото на историјата секогаш го завртувале големите личности со пронајдоци, политички стратегии, големи уметнички дела, но и со големи војни и геноциди. Но, некаде внатре, во сите нивни дела пулсира животниот вруток на оние што иницирале, што направиле, што извршиле, што…
-
МУДРО ЗА ВРЕМЕТО И ПРИСУТНОСТА
— 24 јуни, 2022(Кон поетската збирка „Секој секому огледало“ од Андреј Ал-Асади, во издание на ПНВ Публикации, Скопје, 2022) Андреј Ал-Асади е млад поет со висока гама на мудрост во своите стихови. Неговите три поетски збирки нудат луцидни, контемплативни, но и сигнификантни стихови каде тој на многу наврати ја анализира релацијата „постоење – присутност“ во антрополошката траекторија на…
-
Вечерва ќе биде доделана наградата ДЕНЕС 2022 – финалисти се четворица македонски уметници
— 22 јуни, 2022Во Националната галерија на Република Северна Македонија – мултимедијален центар „Мала станица“, вечерва во 19 часот ќе биде врачена наградата ДЕНЕС 2022 на четворица млади уметници од нашата земја Македонија. Овој настан како и самиот избор, по шеснаесетти пат е на Факултетот за работи што не се учат – ФРУ, Скопје во соработка со Центар…
-
Промоција на „Заследи ме“ од Јордан Коцевски
— 16 јуни, 2022Вечерва, на платото пред Младинскиот културен центар, ќе се одржи промоција на книгата „Заследи ме“ од Јордан Коцевски, на која промотор ќе биде Златко Гелески, а настанот ќе го модерира Јулијана Величковска. „Зафаќајќи се со современа тема, Коцевски си игра со логиката на денешната култура, која и тоа како е моделирана од социјалните мрежи. Марина,…
-
Отворен повик за нова генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“
— 16 јуни, 2022Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ објави повик за учесници во работилница за креативен и документарен филм. Годинава ќе се организира по четтврти пат ваква работилница на „Докуникулци“ на возраст од 14 до 18 години, кои сакаат да бидат дел од годинешната работилница за креативен документарен филм. Деталите за пријавување на конкурсот за „Докуникулци“ се…
-
ТЕЖИНАТА НА СЕГАШНИОТ МИГ
— 16 јуни, 2022(Кон 67-то издание на Стерииното позорје во Нови Сад, Србија, 2022 година) Новото време истоштено од современите несреќи кои се се повеќе невидливи, неочекувани и непредвивдливи, длабоко влијае врз стварноста каде за жал е отворен голем јаз на осаменост и отуѓеност. Овогодинешното Стериино позорје одржано под мотото „Време на мачнината“ донесе многу актуелни театарски промислувања…
-
Објавен четвртиот том од „Визуелна хроника на македонскиот стрип“
— 15 јуни, 2022Излезе од печат четвртиот том од едицијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново дело на стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип. Со неа авторот ја продолжува својата мисија за прибележување на историјата на деветтата уметност на македонско тло, овојпат обработувајќи го периодот 2012-2015 година, во кој македонската стрип-ренесанса ја достигнува својата кулминативна точка. -Исто како и…