Култура

„За телото и душата“ ја освои „Златна мечка“ на 67. Берлинале

Унгарскиот филм „Тело и душа“ на режисерката Илдико Ениеди ја доби престижната награда „Златна мечка“ на годинешниот 67. Берлински филмски фестивал.  Берлинале си го потврдува својот поранешен статус на фестивал на уметничкиот и на независниот филм во кои е приситна смелоста, иновативноста и различноста во филмското раскажување. Енједи е една од четирите режисерки, како што пренесе АФП, кои беа во конкуренција за првата награда. „За телото и душата“ е унгарска филмска љубовна приказна, чие дејство се одвива во локална кланица во Будимпешта, каде што вработените го минуваат времето меѓу ладнокрвна рамнодушност и црн хумор.

Финскиот сценарист и режисер Аки Каурисмаки ја доби наградата за најдобра режија за „Другата страна на надежта“, која следи сириски бегалец на патот за Хелсинки со цел да добие политички азил. Награда за најдобро сценарио му е доделена на филмот „Фантастична жена“ на Себастијан Лелио и Гонзало Маза.

„Сребрената мечка“ или Големата награда на жирито му припадна на филмот „Фелисити“ на Алан Гомес од Сенегал. Филмот зборува за пејаќката Фелисити, која преку музиката  е  го изразува сето она што и се случува.

На филмот од Чиле, „Фантастична жена“, кој го потпишува Себастијан Лелио, чија „Глорија“ пред четири години ја освои наградата за најдобра женска улога, му припадна „Сребрената мечка“ за најдобро сценарио. Овде Лелио уште еднаш се фокусира на женски лик, поточно на транссексуалка.

Наградите за најдобри улоги отидоа кај актерите кои имаа улоги во филмови коишто зборуваат за љубовта и за семејството:  Ким Мин-хе за филмот „На плажа сама навечер“ и Георг Фридрих за филмот „Светли ноќи“.

Филмот „Insyriated“ на Филип ван Леу е една драматична приказна за животот на едно семејство во Дамаск кое живее опкружено со урнатини и пукања од сите страни, ја доби главната награда во „Панорама“ за кој гласаа 29.000 гледачи. Овој филм ја доби и наградата Label Europa Cinemas.

Слични статии