Култура

Билка која ќе ви помогне да ослабнете

Stelaria media или мишјакиња е едногодишна билка којашто најчесто се наоѓа на хумусна почва со доволна влага. Расне во текот на целата година е билка која го поттикнува создавањето на хумусот. Билката се употребува за детоксикација на телото, делува како диуретик, го потикнува  метаболизмот и разменување на материи и исфрлање на депонираните токсини од телото, кое се нарекува и како чистење на крвтта. Поради ова била препорачувана за лечење на реума и гихт. Комбинација на овие две делувања ја прават оваа билка погодна за спроведување на третманите за слабеење. Се користи и за лечење на гихт кај децата за што зборува дека оваа билка е „нежна“ во нејзиното делување. Сепак кај трудниците не се препорачува, бидејќи тие се чувстителна категорија но и поради се уште недоволните научни истражувања.

Во средниот век оваа билка била популарна за третмани на кожни заболувања, и тоа маст за третирање на чиреви и изгореници. Подоцна се употребувала за лечење на псоријаза, изиритирана кожа како што се егземи и воспалителни процеси, исеченици и слично. За оваа намена се ставала каша од надземниот дел од оваа билка.

Оваа билка содржи витамин Ц, рутин, бакар, соли на калциум и калиум. Веројатноо поради рутин кој влијае на здравјето на крвните садови, но и на здравјето на очите кај народот се употребува како лек за смалување на очната мрена или катаракта. Во овој случај се зема 3 големи лажици свеж сок од надземниот дел на билката се мешала со 1 лажица мед и три пати во денот се земаат по 25 капки. При состојба на слабо срце се препорачува секој ден да се козумира салата од мишјакиња.

Stelaria media е природен антисептик, антиреуматик, диуретик, лаксатив, стимуланс… Успешна е во лекување на реума и кај воспаленија на зглобови. Алфред Вогел, познат швајцарски терапевт тврдел дека не постои подобра билка во справување со детските грчеви. Народните лекари ја потенцираат нејзинатауспешност во лечење кај болести на белите дробови и дишните патишта – астма, туберкулоза, бронхитис, кашлица… Исто така се препорачува кај болестите со бубрези и бешиката, желудникот и цревата, кожни болести, чиреви, повреди, рани па дури и псоријаза.

Латинското име го има добиено по изгледот на нејзините цветови што личат на мали ѕвездички стела на латински, што значи ѕвезда. Исто така се нарелува и птичја храна бидејќи нејзиното семе е омилено кај птиците, а кај луѓето се употребува како зачин.

Цветовите се показател за дождливо време, ако цветовите не се отворат наутро и не се исправени, значи дека ќе имаме доздлив ден.

Оваа билка била ценета во Римското време. Не само што се употребувала како лек, туку и се јадела. Особено е значајна во пролетните денови, кога луѓето чувствуваат замор како последица на недостаток на витамини после зимската исхрана, таа е извор на витамини и на минерали.

Оваа билка се користи свежа, сушена и во прав од семето кое се користи како зачин.

Од млади изданци на оваа билка може да се направи салата заедно со друг зеленчук и може да се додаде во домашни изблендирани сокови. 

Западната медицина ја употребува и како; адстригент, (го затегнува ткивото, суши или го намалува гноењето), антифламаторик, антиреуматик, депуратив, диуретик, дерметик, лаксатив, офталмик, ла лекување на очи, болест на цревата и желудникот, бубрези и бешика, циркулација, чиреви, хемороиди, констипација, пролив, зглобови, за добивање на поголема количина на млеко кај доилките, за миење на очите, за припрема на облози…

ЧАЈ: 1 супена лажица се полива со 2 дл. зовриена вода. Стои 15 минути. Се пијат 2-3 шолји во текот на денот.

ТИНКТУРА: Се земаат 3 пати по 15 капки

МАСТ: Кокосово масло или свинска маст  и тинктура се зема во однос на 2 спрема 1 . Подготовка: Се растопува маслото се става тинктурата и се меша се додека не испари алкохолот.

СВЕЖА: Односот е 3 спрема 1. Три лажици мед со една лажица сок од билката. Може да се нанесува во око и на кожа.

 Контраиндикации не се познати, но како што наведовме погоре, на трудниците не им се препорачува конзумирање на оваа билка.

Автор: