Култура

Седум здрави намирници кои треба да ги јадете секој ден!

За да бидете сигурни дека консумирате здрава храна, овие 7 клучни намирници треба да ги јадете секој ден!

ЗЕЛЕНЧУК СО ТЕМНИ ЛИСЈА

Освен кељот, тука спаѓа, спанаќот, блитвата, штавелот, …. Зголемениот репертоар на зелениот зеленчук р добар затоа што е богат со витамин C и К, како и калциум и железо.

НЕМАСНИ ПРОТЕИНИ

Есенцијални се за секоја станица во телото, но протеинот не е исклучиво само пилешкото или саламата. Целта нека ви бидат немасните ивори на протеини како леќата, црниот грав и квинојата.

 

ЗДРАВИ МАСНОТИИ

“Маснотијата” некогаш беше најлошиот поим во исхраната, но здравите масти се неопходни за здраво срце. Авокадото, бадемите, кокосовото и маслиновото масло, се извор на здрави маснотии.

АНТИОКСИДАНТИ

Сем што имаат предност за кожата, го засилуваат имунитетот и можат да спречат одредени медицински состојби. Боровниците, гоџи, артичоката и темното чоколадо, се вашите нови најдобри пријатели.

ХРАНА СО ПРОБИОТИЦИ

Пробиотиците се живи бактерии кои ја стимулираат пробавата и оралното здравје, а воедно го одржуваат здрав крвниот притисок. Можат да се земаат и како додоток во исхраната, но оригинално се наоѓаат во јогуртот, комбухата, мисо и др.

 

ДОБРИ ЈАГЛЕНОХИДРАТИ

Слично како кај мастите, јагленохидратите се сметаат за лоши, но всушност целите зрна се многу корисни за нас. Лебот, зобот, овошјето и зеленчукот му даваат енергија на телото и мозокот.

ВОДЕНЕСТ ЗЕЛЕНЧУК

Веќе знаете дека треба да пиете многу вода секој ден, но ако тоа не ви е навика, додајте во својата исхрана намириници богати со вода – краставици, лубеница и зелена салата.

 

Автор: