Култура

Билки коишто отклонуваат страв, стрес, нелагодност и нервоза

Наместо да пиеме лекови за смирување, можеме да си помогнеме со природни средства: анасон, мајчина душичка, камилица, маточина, кантарион и лаванда се билки кои ја отклонуваат нервозата, стравот, ги ублажуваат стресните состојби низ кои поминува организмот, помагаат да се чувствуваме лагодно и опуштено, ја подобруваат неправилната работа на срцето, помагаат во главоболката и несоницата.

Мајчина душичка

Лековитите својства на оваа билка се наоѓаат во цветот и листот, а нејзините етерични масла ги опуштаат мускулите. Поволно делува на нервниот систем, релаксира, ја намалува психичката напнатост, овозможува добар сон.

Камилица

Оваа лековите билка го опушта целото тело. Ги смирува мускулите, а појаки дози на камилица помагаат и кај несоницата. Камилицата е честа состојка во мешавините кога е во прашање лек од билки за смирување.

Лаванда

Оваа билка од многу одамна се користи во лекување на несоница и за лечење на нерви. Лавандата можете да ја ставите во када и да се искапете со неа или пред спиење да си подготвите чај од лаванда а секако можете и двете работи. Лавандата ги релаксира мускулите, ја смирува вознемиреноста и нервозата и помага за пореметен сон.

Маточина

Оваа билка делува позитивно на психата. За лековитите својства најзаслужни се есенцијалните масла кои ги опуштаат мускулите, го зајакнуваат срцевиот мускул и делуваат како антибиотик. Може да се користи само маточина или во комбинација со други билки.

Кантарион

Најпознат лек за депресија е кантарионот. Кантарионот се користи со векови како лек за депресија, потиштеност, анксиозност, и кај проблемот со нервите. Содржи танинисмола, хиперицин, антоцијан, етерични масла и азулен, за разлика од синтетички лекови не создава зависност и нема штетни последици. Чајот од кантарион се пие голтка по голтка најдобро после појадок или непосредно пред спиење.

Валеријана

Со векови се употребува оваа билја за ублажување на нервни проблеми. Како средство за смирување се употребува сама или во комбинација со други билки, во облик на чај или тинктура.

Комбинација со листови од нане и горчливата детелина со валеријана, во подеднакви делови од сите билки е многу делотворна.

Тијамин

Овој витамин којшто е неопходен нервите да имаат доволно енергија којашто им е потребна за пренесување на електрични импулси. Недостаток од овој витамин предизвикува нервоза и раздразнетост, апетитот слабее, а може да се јави и пореметување на сонот. Тијаминот го има во свинското месо, производите од интегрално брашно, грашокот и гравот.

Автор: