Култура

Сируп и тинктура од глуварче

Народната медицина глуварчето го става на врвот на листата на билки кои ја прочистуваат крвта. Кај глуварчето се користат листовите, цветовите и коренот. Коренот се вади пред цветање на оваа билка кога има највисока концентрација на лековити својства. Коренот напролет содржи најмногу калиум, додека на есен содржи повече инолин (околу 40 %). Коренот се ситни и се суши, по што добива темно кафеава боја до црна. Глуварчето е детокс билка, и најдобри препарати се (тинктури) од коренот и листовите заедно. Коренот делува на системот за варење, црн дроб, тенкото и дебелото црево, а листот делува на бубрезите. 

Сируп од глуварче:

  • 130 цветови од глуварче
  • 1 лимон
  • 500 грама шеќер
  • 250 грама вода
  • Цветовите ставете ги во сад со 250 мл. вода и кога ке провријат, исклучете ја ринглата и оставете да преноќи 24 часа. После тоа се процедува, се стискаат световите низ газа, а добиената течност се вари на тивок оган заедно со шеќерот и лимонот додека не ја добие потребната густина за сируп. Додека е топло се налева во стаклени шишиња и се затвора. Се чува на темно место. 

Тинктура од глуварче

За тинктура се користи коренот, листовите и цветот. За подобро извлекување на дрогата од коренот, тој се ситни и се става во стаклен сад заедно со цветовите и листовите. Се прелева со домашна ракија или вотка. Треба да стои најмалку 3 недели пред да се користи и треба да биде на темно место. Се зема 20-30 капки пред кадење, 3 пати на ден, но може и повеќе.

Глуварчето се смета за една од најлековити билки. Во народната медицина од него се прави чај, тинктура, сируп или вино. Исто така се почесто се конзумира свежо во салати, заедно со дрг зеленчук.

Глуварчето:

  • го чисти и го јакне организмот.
  • е природен лек за артериосклероза и камен во бубрегот
  • го подобрува апетитот и го помага варењето на храната
  • го лечи црниот дроб и жолчната кеса
  • е сировина за добивање на лекови
  • Тинктурата се користи кај реуматоиден артритис, и гихт
  • Посебно е ефикасен во јакнење на функција на бубрезите, опоравување на црниот дроб од жолтица, хепатитис и други болести
  • Глуварчето ги намалува воспаленијата во телото особено на посебно кај крвните садови, со што се намалува опасноста од кардиоваскуларни заболувања
  • одличен е за детоксикација на организмот и губење на вишок килограми
  • бидејќи го чисти црниот дроб помага кај сите болести што се поврзани со нарушена работа на црниот дроб: алергии и сите кожни болести (акни, псоријаза, егзема, брадавици).

 

 

 

 


    

Автор:

Слични статии