Култура

Намирници со колаген коишто го успоруваат стареењето

Кожата со текот  на времето старее и се појавуваат бори поради намалената продукција на колаген. Но наместо на вештачки начин да ја надополнувате изгубената количина, дермaтолозите и нутриционистите советуваат тоа да го направите со хранење со намирници кои поттикнуваат поголемо производство на колаген.

Лук

Лукот е голем извор на сумпор којшто е неопходен за производство на колаген. Лукот содржи значително количество на липолинска киселина и таурин коишто се од суштинско значење на обновување на оштетените влакна на коагенот.

Домат

Доматот содржи голема количина на ликопен којшто е неопходен во борбата со колагеназа – состојба кога ензимите го уништуваат колагенот во вашиот организам.

Намирници богати со омега 3 масни киселини

Омега 3 ни помагаат да имаме еластична кожа, а најмногу ги има во мрсните риби , скуша, лосос, туна, ореви и лен.

Овошје и зеленчук со црвена боја

Освен доматот, има и други овошја и зеленчуци што содржат ликопен. Црвените пиперки, цвеклото, црвените јаболки, покрај ликопенот содржат антиоксиданси кои се одлични борци против стареењето. 

Лосос

Лососот и останатите масни риби како на пример, харинга, сардина и скуша, содржат високо ниво на Омега-3 масни киселини и помагаат кожата да остане мазна. Причина повеќе е тоа што ваквите риби ги ублажуваат воспалителните процеси на кожата. Можеби тие не се гледаат на површината на кожата, но поради нив, колагенот забрзано се разградува.

Спанаќ и боровница

Спанаќот и останатиот зелен зеленчук се богати со антиоксиданси. Тие имаат клучна улога во одржувањето на нивото на колаген, бидејќи помагаат да се неутрализираат слободните радикали, нестабилните хемиски соединенија кои настануваат со нормално функционирање на телото, но поради надворешни фактори како УВ зрачење и загадување. Ако се заштитиме од нив, го заштитуваме и колагенот. Слично влијание има и боровницата која е богата со Витамин Ц кој исто така го зголемува производството на колаген, но и производството на антиоксиданси.

 

Колагенот помага за следниве болести

  • артритис
  • срцеви заболувања
  • парадентопатија
  • прерано стареење

 

Автор:

Слични статии