Култура

На конкурсот за класична музика за 2017 наградени се 19 композиции

На Конкурсот за откуп на музички композиции за 2017 година, во функција на  стимулација на творештвото од областа на класичната музика, наградени се 19 композиции во вкупен износ од 3.280.000 денари, коишто се распределени во 12 категории.  За наградените дела одлучуваше тричлена жири комисија во состав: Марко Коловски- музиколог, Теута Халими Селмани- професор на ДУТ Тетово и Васо Ристов – професор на ФМУ Скопје. 

На овој конкурс наградени се следниве дела:

Во категоријата Композиција за мелодиски инструмент – дувачки, првата награда ја доби композиторот Благој Цанев. Во категоријата Композиција за хармонски инструмент стручната комисија додели две  награди, прва награда накомпозиторот Никола Коларовски  и втора награда на композиторот Јана Андреевска Димитровска.  Во категоријата Композиција за мешан хор доделени се две  награди: првата награда ја доби  композиторот Андреј Блажевски и втората награда и припадна на композиторката Валентина Велковска Трајановска. Во категоријата Композиција за квартет е додеелена само прва една награда на композиторот Драган Стојков.

За најдобри композии во категоријата Композиција за дувачки квинтет, се на композиторите, Валентина Велковска Трајановска, која ја доби првата награда и Горан Начевски со добиена втора награда. Во категоријата  Композиција за камерен состав од шест до девет инструменти се доделени три награди на композиторите, Ана Пандевска за прва  награда, втора награда за Андреј Блажевски и Бојана Петровиќ Алексова наградена со трета нагарада.

Во категоријата Музичко – сценска композиција за Танец стручната комисија ја додели единствената предвидена награда во таа категорија на композиторот Тодор Трајчевски.  Во категоријата Композиции за оркестар доделени се три награди: прва награда на композиторот Филип Ивановски, втора награда на композиторот Илија Б. Илиевски и трета награда на композиторот Ана Пандевска. Во категоријата Композиции за солист и оркестар, (дувачки инструмент, глас, перкусии) стручната комисија ја додели единствената награда предвидена во таа категорија на композиторот Панде Шахов. Во категоријата Композиции за Детски циклус за оркестар стручната комисија ја додели единствената предвидена награда во таа категорија на композиторот Филип Иванов. Во категоријата Композиции за Мјузикл за деца единствената предвидена награда ја доби композиторот Никола Димушевски. Во категоријата Композиции за Балет, единствената предвидена награда му припадна на композиторот Сони Петровски.

Заради неисполнување на техничките предуслови, стручната комисија ги дисквалификува композициите под следниве шифри; шифра А256В, шифра BRAVO и шифра Поле.

Автор:

Слични статии