Култура

Највлијателни 100 личности во уметноста во 2017 година

Според годишниот избор на магазинот „ArtReview“, германската уметница и теоретичарка Хито Штејерл (Hito Steyerl), позната по жестоките политички ставови и интересот за преиспитувањето на односите на моќ во светот на уметноста е прогласена за највлијателна личност на глобалната уметничка сцена во 2017 година.

Hito Steyerl се најде на прво место

Списокот на 100 највлијателни личности во светот на уметноста што магазинот „ArtReview“ го објавува 16-та година по ред ги покажува новите трендови и јакнењето на позициите и моќта на мислителите, теоретичарите, како и на уметниците и кураторите кои се ангажирани во промислувањето на стварноста и истражувањето на радикалните политички идеи. Од друга страна пак, некои од досегашните големи ѕвезди на светската уметничка сцена се изоставени или паднале многу подолу на списокот, па така Марина Абрамовиќ од минатогодишното 46 -то место, годинава завршила на 89 -то место.

 

Марина Абрамовиќ

„Уметноста е моќна или во најмала рака е конструкт на различни сили, кои не се секогаш позитивни. Тоа е нешто што Штејерл го препознава. Се најде на врвот на списокот заради континуираните обиди да ги наруши односите на моќ“, наведува „ArtReview“, на чијшто список на највлијателните првпат се најде жена.

Позната по видеа и инсталации кои се базираат на историски и политички наративи, као и по занимавањето со дигиталната култура и прашањатата за идентитетот, како и по острите текстови, предавања и критичкиот став кон она што се случува во современото општество и на уметничката сцена. Неодамна на онлајн платформата E-flux, Хито Штејерл покрена дискусија за приведувањето на уметниците Владан Јеремиќ и Урош Јовановиќ, вечерта кога свечено се отвораше Музејот на современа уметност во Белград.

Pierre Huyghe е на второ место

 

Годинава таа учествувала на Скулптур проект во Минстер, како и на самостојни и групни изложби во Буенос Аирес, Копенхаген, Дизелдорф, Хелсинки, Њујорк, Сао Паоло, Торино, Виена…

Kiran Nadar е на претпоследното 99 место

На списокот на 100-те највлијателни Штејерл се најде во 2013 година, кога беше на 69 место, а сега стигна на врвот од минатогодишното седмо, наследувајќи го Ханс Улрих Обрист (Hans Ulrich Obrist), уметничкиот директор на познатата „Serpentine“ галерија во Лондон, кој сега падна на шестото место.

Голем скок на оваа ранг листа остварила Дона Харавеј (Donna Haraway), чиишто текстови се клучни во актуелните дебати за идентитетот, феминизмот и екологијата. На третото место дојде од минатогодишното 43. Меѓу највлијателните е и францускиот филозоф, антрополог и социолог Бруно Латур (Bruno Latour), кој првпат се наоѓа на овој список и тоа на деветтото место.

Меѓу имињата кои првпат се наоѓаат на списокот се и теоретичарката Џудит Батлер (Judith Butler) на 48-то место и американскиот писател и критичар Крис Краус (ChrisKraus), чии дела влијаеја на сè поголемиот фокус на прашањата на родот и сексуалноста од страна на уметниците.

На второто место е францускиот уметник Пјер Хјуи (Pierre Huyghe), кој во 2016 година беше на 24-тото место, а фокусиран е на влијанието на човекот врз природата. Од минатогодишната втора позиција на четвртата позиција падна полскиот куратор Адам Шимчик (Adam Szymczyk), уметничкиот директор на изложбата Документа 14, која се одржа во Атина и Касел и која ја следат финансиски контроверзи.

Најдобро пласиран галерист е Дејвид Цвирнер (David Zwirner) од Њујорк, кој со години е на врвот, а сега е на петтото место. Ајван и Мануела Вирт (Iwan, Manuela Wirth) се на седмо место, додека во 2016 година беа на трето место. Голем скок оствариле Телма Голден (Thelma Golden), директорка на Студио музејот во Харлем, која на осмото место доаѓа по ланското 29-то, како и Гевин Браун (Gavin Brown) кој е на десеттото, а бил на 27 – то место.

 

Фотографот Волфганг Тилманс (Wolfgang Tillmas), кој ги водеше уметничките кампањи за останување на Велика Британија во ЕУ и против германската ултрадесничарска партија AfD, се најде на 11 – тото место, додека пак кинескиот уметник и активист Аи Веивеи (Ai Weiwei) од десеттото падна на 13-тото место.

Меѓу новите имиња на списокот највлијателни во уметноста е и видео и перформанс уметницата Џоан Џонс (Joan Jonas), која во текот на 2018 година ќе има ретроспектива во Тејт Модерн, а според ова рангирање се најде на 14-тото место. Кара Вокер (Kara Walker) влезе на 56-тото место, а позната е по делата кои критички се осврнуваат на одредени карактеристики на американската култура како што е насилството. Славниот галерист Лари Гагосиан (Larry Gagosian) од минатогодишното шесто падна на 15-тото место, додека пак новата директорка на Тејт, Марија Балшо (Maria Balshaw), која го наследи долгогодишниот моќен директор Николас Серота (Nicholas Serotа), првпат се најде на овој список и тоа веднаш на 16-тото место. Веднаш зад неа е директорот на њујоршкиот МОМА, Глен Ловри (Glenn Lowry).

Некои од комерцијално најмоќните уметници продолжуваат да паѓаат според ова рангирање, така Џеф Кунс ((Jeff Koons) се најде на 54-тото место, а во 2014 година беше на седмата позиција. И покрај тоа што годинава имаше две големи изложби во Венеција, Демијан Херст ((Damien Hirst) воопшто не се појавува на спискот на највлијателни уште од 2012 година, иако во 2005 и 2008 година беше на првото место.

Листата на списанието ArtReview се прави врз основа на консултации со меѓународен панел автори, уметници, кустоси и критичари, а рангирањето е засновано на меѓународното влијание на поединците на продукцијата и дисеминацијата на уметноста и идеите во уметничкиот свет и пошироко во изминатите 12 месеци.

Списокот на списанието „ArtReview“ се прави врз основа на комнсултација со меѓународен панел на автори, уметници, куратори и критичари, а рангирањето е базирано на меѓународното влијание на личностите врз продукцијата и дисеминацијата на уметност и идеи во уметничкиот свет и пошироко во текот на изминатите 12 месеци.

Целосниот список е достапен на страницата на „ArtReview“  заедно со есеи и критики за секоја од 100 –те највлијателни лишности.

Извор: SEEcult.org

Преземено од Окно.мк

 

Автор:

Слични статии