
Стафилов – Имаме енормно загадување на водите
— 26 март, 2018Проблемот со водите е многу сериозен. Сите студии на реките и на речните сливови покажуваат енормно загадување на водите, посебно со пестициди, а во некои делови и со тешки метали, вели професор Трајче Стафилов од Природно-математичкиот факултет во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Професоре Стафилов, вие изработивте научно истражување за загаденоста од индустријата во Македонија. Какви се резултатите?
Нашите истражувања беа пошироки, освен истражувањата на загадените подрачја од индустриските активности, извршивме истражувања и за подготовка на геохемиски атлас на почвите во Македонија, значи целата територија на Македонија со избор на 1000 локации од коишто се земени 2000 примероци и врз основа на тие се подготви геохемиски атлас којшто излезе минатата година и е достапен. Од таму ја имаме сликата за околу 40 хемиски елементи и нивната дистрибуција во почвите во целата држава. Таму каде што очекувавме или добивме резултати за појава на одредено загадување, направивме дополнителни истражувања со многу поголем број на примероци и притоа објавивме уште седум геохемиски атласи за такви региони. Така што ја имаме сликата за загадување на почвите со тешки метали.
Паралелно со истражувањето на загадувањето на почвите, земавме и примероци од мов, којшто е најдобар биоиндикатор за загадување на воздухот. Честичките од воздухот се задржуваат во мововите и со нивна анализа ние ја утврдуваме дистрибуцијата на одредени тешки метали во прашината во воздухот, но паралелно во одредени региони собиравме и голем број примероци од прашина во куќите и така натаму, така што имаме и сознанија за загадувањето на почвите и паралелно, како што споменавте, ги истражувавме главните речни сливови во однос на присуството на тешки метали во водите, во седиментите и во почвите во околината на тие региони.
Од сите тие истражувања може да кажеме дека во Македонија има области каде што имаме интензивно загадени почви. Тоа има последици и во загадувањето на воздухот, со пренос на таква прашина или на почвите.
Исто така имаме индустриски депонии, коишто се најчесто историски, значи од минатото, кога не се водело многу грижа за загадувањето и кога законските норми не биле на тоа ниво како што се сега за да се спречи депонирање на таков, да речеме, опасен отпад којшто е во енормно големи количества и којшто бара решенија.
Според тоа, дали се загадени водата што ја пиеме и храната што ја јадеме?
Во однос на водата за пиење, јас би сакал да го потенцирам проблемот со загаденоста на водата од водоводот во Гевгелија која што има зголемена концентрација на арсен. Овој проблем е познат, меѓутоа, од средствата за јавно информирање слушам дека општината се обидува да најде решение, но тој проблем сè уште не е решен. Мислам дека водата за пиење е забранета, но им е достапна на луѓето. Во однос на другите параметри, во однос на тешките метали немаме критични состојби.
Во однос на храната, колку што ми е мене познато, квалитетот на храната од животинско потекло ја контролира Ветеринарниот факултет, дел од поранешниот Ветеринарен институт, којшто сега е дел од Ветеринарниот факултет врши такви анализи, не само на тешки метали, туку и на други загадувачи. Агенцијата за храна исто така има свои надлежности да врши такви испитувања, меѓутоа она што ми е на мене познато, а што е резултат на наши истражувања, во одредени региони каде што имаме големо загадување, посебно со тешки метали, имаме загадување и на храната. Ние извршивме детално истражување во Велес и во неговата околина, од поголем број на бавчи зедовме над 40 различни примероци од зеленчук и во сите утврдивме дека концентрацијата на кадмиум и олово е над максимално дозволената по нашите правилници, но таа сè уште се конзумира, не е забранета за конзумација. Претпоставувам дека надлежните ќе се зафатат со решавање на тој проблем, бидејќи е недопустиво кога знаеме дека имаме контаминирана храна, таа да се конзумира и денес.
Според вас, како треба да се реши овој проблем, што е приоритет во овој момент?
Многу проблеми во животната средина се создадени гледано историски и треба на повеќе фронтови да се ориентираме. Еве сега, како доаѓа пролетта, почнуваме да ги забораваме ПМ10 честичките, загадувањето на воздухот, кога ќе дојде есен повторно ќе се актуелизира. Имаме проблеми коишто ги зафаќаат сите медиуми на животната средина. Тука е проблемот на загадување на воздухот во практично сите градови во Македонија и мерките коишто ги усвоија владата и Министерството за животна средина треба да се спроведуваат. Тие проблеми треба да се решаваат според програмата, којашто според мене е релативно добро подготвена и таа треба да се реализира.
Проблемот со водите е многу сериозен. Сите студии на реките и на речните сливови покажуваат енормно загадување на водите, посебно со пестициди, а во некои делови и со тешки метали.
Тука се и проблемите на загадувањето на почвите, коишто недоволно се истражени од аспект на биодостапност на полутантите во храната. Министерството за земјоделство треба да се зафати со проекти коишто ќе покажат дали храната којашто се произведува на тие загадени почви се пренесува во крајниот продукт, со кој интензитет, за што треба да се намени ако е таков случајот или воопшто да се забрани производство.
Извор:Радио Слободна Европа
Автор: Владимир Калински
Автор:
Слични статии
Последни статии
-
Шестиот број на „Книжевни елементи„ во книжарниците во Скопје и Битола
— 13 мај, 2022Шестиот, пролетен број на книжевното списание „Книжевни елементи“ во издание на Здружението „Перун Артис“ од Битола, излезе од печат на рекордни 240 страници. Уредник на ова списание е Сашо Огненовски. Списанието „Книжевни елементи“ за коешто интересот се зголемува со секој нов број, може да се најде во книжарниците во Скопје и Битола. Во шестиот број…
-
Излезе книгата „Јазикот е чудна ѕверка“ од Марина Костова
— 5 мај, 2022Во издание на „Или-Или“ излезе книгата „Јазикот е чудна ѕверка“ на Марина Костова, хибридна збирка со куси лични истории, рецензии и есеи. Книгата е достапна во книжарницата на „Или-Или“, а во рамките на Саемот на книгата од 3 до 9 мај во салата „Борис Трајковски“, авторката ќе ја потпишува на 6 мај од 17-19 часот. „Јазикот е чудна…
-
Пристапна изложба на новите членови на ДЛУБ(галерија)
— 3 мај, 2022На пристапната изложба на новите членови на ДЛУБ, којашто беше отворена во ликовниот салон на ДЛУБ на 28 април, се претставија новите членови со нивните дела, достојно претставувајќи се, секој со свој, својствен уметнички израз. А тој е најдобар показател за нивните стремежи, мотиви и инспирации, израз преку кој имаат што да кажат и што…
-
ЦИКЛИЧНОСТА НА НИКОГАШ НЕПРЕЖАЛЕНИОТ СОЦРЕАЛИЗАМ
— 2 мај, 2022(Кон претставата „Цемент“ од Хајнер Милер во режија на Себастијан Хорват и во продукција на Загребачкиот Театар на Младите од Загреб. Гл. Улоги: Ракан Рушаидат, Наташа Копеч, Сретен Мокровиќ, Уго Корани, Пјер Меничанин, Дадо Ќосиќ, Барбара Прпиќ, Петра Свртан, Милица Манојловиќ, Тина Орландини, Миливој Беадер, Ведран Живолиќ, Матео Видек, Тома Медвешек.) „Цемент“ е драмски текст…
-
Признава ли Македонецот сопствена вина?
— 29 април, 2022Во долгите „дебати“ со мои блиски пријатели и другари на кои општествен интерес и една од занимливите теми за муабет им е политиката и сѐ поврзано со неа честопати филозофираме на темата зошто дојдовме до ова дереџе како нација и држава и зошто не може никако, за жал, и никогаш да се оправиме?! Најчесто констатираме…
-
Густата магла на дехуманизирањето
— 26 април, 2022(Кон претставата „Game” (Игра) авторски проект на Жига Дивјак во продукција на Словенскиот младински театар и театарското списание „Маска“ како проект на „Нова пошта“. Гл. Улоги: Примож Безјак, Маруша Облак, Сара Дирнбек, Вито Вајс и Матеј Пуц) „Не тепаа по главата“, „Му реков дека имам шеснаесет години, но полицаецот рече: ‘не, роден си во 2001…
-
ПО ТЕСНИТЕ ПАТЕКИ НА ХРОНОТИПИТЕ
— 26 април, 2022(За романот „Хроника на сомнежот“ од Владислав Бајац во издание на Авант прес, Скопје, 2021) Турбулентните времиња на повоена Југославија оставија многу измешани чувства, многу непреспиени ноќи, многу недоумици, многу политизирања и деполитизирања, но и многу сомнежи кои во романот на Владислав Бајац се артифициелизираат како наративни струи испреплетувајќи се со неговиот искуствен сублимат од…
-
ФУТУРИЗМОТ КАКО ВРЕМЕНСКА МЕТАБОЛИТИКА
— 20 април, 2022УВОД ИЛИ ВО ПРЕГРАТКАТА НА ДОЛГОТРАЈНИОТ МИГ „Космичко лате“ е кореодрама која не вовлекува во едно многу симтоматично, но многу продуктивно промислување на она што не можеме да го пронајдеме во длабочините на времето, но можеби можеме да се вовлечеме во претпоставките или да си направиме самите на себеси ветувања што ќе ги исполниме низ…
Напишете коментар