Култура

Промоција на Зборник во чест на археологот д-р Драгиша Здравковски

Во Археолошкиот музеј на Македонија, утре –  петок, 11 мај, во 13 часот, ќе се одржи промоција на Зборникот посветен на д-р Драгиша Здравковски со наслов: “DRAGIŠA ZDRAVKOVSKI – IN MEMORIAM – Cultural Manifestations during the Neolithic Period on the Territory of the Republic of Macedonia and Neighboring Regions” 

 Драгиша Здравковски беше археолог, кустос – советник за младото камено време – неолит, кој својот професионален живот го посвети на истражувањето, афирмирањето и презентирањето на македонското движно културно наследство пред домашната и светската научна јавност. 

Во зборникот печатени се научни трудови во кои се прикажани резултатите од археолошките истражувања во неолитските населби на територијата на Македонија, Бугарија и  Грција.  

Дел од печатените трудови беа презентирани на манифестацијата Недела на Археологијата, одржана во НУ Археолошки Музеј на Македонија, во 2015 година, како дел од сесијата на предавања за неолитот, посветена на животот и делото на д-р Драгиша Здравковски.

Зборникот финансиски е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, издавач е НУ Археолошки Музеј на Македонија.  Уредник е м-р Елена Стојанова Канзурова, а промотор на зборникот е проф. д-р Драги Митревски.

Автор:

Слични статии