Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2018 ја доби Славчо Димитров
— 6 јули, 2018Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2018 година од областа на ликовната критика на Славчо Димитров.
Комисијата во состав Тихомир Топузовски (теоретичар на културата и уметник), Христина Иваноска (ликовен уметник) и Мира Гаќина (историчар на уметноста и куратор) по разгледувањето на повеќе доставени предлози донесе одлука наградата да му ја додели на предлог истражувачкиот проект „Ан-архични тела: Естетското, корпореалниот материјализам, афектите и политичкото“.
Наградата „Ладислав Баришиќ“ има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста. Наградата го носи името на Ладислав Баришиќ (1941-1991), ликовен критичар и историчар на уметност, кој во рамките на ликовната публицистика беше активен во периодот од 1972 до 1986. Тој е автор на текстови во кои критичарскиот став кон одреден културен настан се одликуваше првенствено со отпор кон априорното мислење својствено за догмите на времето во кое создавал.
Проектот на Димитров предвидува анализа на комплексноста на политичкото и естетското, дефинирано преку телесноста. Специфичниот фокус на оваа студија ќе биден насочен на испрелептувањето на телесноста, афектите, сензациите и емоциите како конститутивни за политичкото и за радикалните демократски проекти во контекст на македонското општество.
Славчо Димитров (р.1984) има дипломирано на катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет на УКИМ, Скопје. Магистрира, првин, на Родови студии и филозофија на Институтот Евро-Балкан, а потоа на катедрата за Мултидисциплинарни родови студии на Универзитет на Кембриџ. Моментално ја работи својата докторска теза на Факултетот за медиуми и комуникации СИНГИДУНУМ во Белград. Работел како асистент на последипломските родови и културни студии на Универзитетот Евро-Балкан, и на додипломски и последипломски студии на Факултетот за медиуми и комуникации – СИНГИДУНУМ, Белград. Во последните неколку години има координирано голем број на академски проекти и летни школи, како и проекти во областа на човековите права на маргинализираните заедници, со посебен фокус на квир активизмот. Основач е на интернационалната Летна школа за сексуалности, култури и политики. Исто така е еден од основачите на Центарот за истражувања на идентитети, култури и политики, ИПАК.Центар во Белград.
Курирал повеќе уметнички и културни проекти, а во последните три години е куратор на фестивалот Викенд на гордоста Скопје. Во Коалицијата работи од почетоците на нејзиното основање, како член, како координатор и како директор. Неговиот активистички интерес се однесува на политиките на настраноста (квир политики), сексуалното и родовото граѓанство и еднаквост, правата на маргинализираните заедници и нивното испресекување со прашањата со социјална правда. Теориските и истражувачки интереси ги опфаќаат проблемите од пост-основоположничката политичка филозофија, политичкото, естетското, културата, социјалната кореографија, и родот и сексуалноста. Има објавено повеќе текстови во списанија и зборници во Македонија, регионот и Европа, а е автор и уредник на три книги.
Доделувањето на наградата е финансиски овозможено со поддршка од Министерството за култура на РМ., Град Скопје и донација на семејството Баришиќ.
Автор:
Слични статии
-
-
Награда за најдобар роман на Сашо Огненовски во Хрватска
16 ноември, 2021 -
-
Роман на годината – извадоци од пристигнатите романи (5)
17 март, 2021
Последни статии
-
Мирко Попов: „Мораме да се бориме за секој милиметар нормалност. Психички ни е неопходна таа борба. И музиката ни е неопходна.“
— 27 март, 2024Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
-
Почина Слаѓана Милошевиќ иконата на новиот бран во поранешна Југославија
— 26 март, 2024На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
-
Почина Томислав Петернек, легендарниот фотограф кој ги овековечи последиците од скопскиот земјотрес
— 24 март, 2024Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
-
ПОЧИНА МИРКО ПОПОВ, ЕДЕН ОД ПИОНЕРИТЕ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА СЦЕНА ВО МАКЕДОНИЈА
— 24 март, 2024Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
-
Лидија Димковска е добитничка на наградата Роман на годината за „Единствен матичен број“
— 15 март, 2024Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
-
Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“
— 11 март, 2024„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
-
ВРЕДНОСТА НА СПОМЕНИТЕ И НЕДОРАЗБИРАЊЕТО
— 18 февруари, 2024(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
-
ОБЛАК ЧИСТА АКТЕРСКА ИГРА
— 13 февруари, 2024(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…