Култура

Три награди на Пулскиот фестивал за филмот „Жаба“

На годинашниот 65. Филмски фестивал во Пула, Хрватска, филмот „Жаба“ во режија на Елмир Јукиќ освои „Златна арена“ за најдобар филм и „Златна арена“ за режија, а ја доби и главната награда од Федерацијата на филмските критичари на Европа и Медитеранот – ФЕДОРА.

Фестивалот на „Жаба“ и го додели и признанието за Најдобра малцинска копродукција.

„Жаба“ зборува за посттрауматските состојби и безнадежноста, за силата потребна за да се надминат пречките кои животот ги поставува и за постигнување среќа во секојдневниот живот со помош на, само навидум, ситните работи во животот. Филмот е акедонско-босанско-хрватско-српска копродукција ја раскажува приказната за Зеко, бербер и поранешен војник кој страда од посттрауматско стресно нарушување. Тој го кани својот брат Брацо и нивниот пријател Швабо да го прослават Бајрам и има намера да го искористи празничното расположение за да го убеди својот брат, кој е коцкар и алкохоличар, да се откаже од лошите навики и да излезе на прав пат. Кога овој одбива и заминува бесен заради расправијата, Зеко, осамен, решава да се самоубие, но ќе го спречи млад човек кој продава книги од врата на врата.Сценариото го напишаа Пјер Жалица и Елмир Јукуќ, а се базира на истоимената театарска претстава по текст на Дубравко Михановиќ.

Кинематографер на филмот е Дејан Димески, а снимател на звук е Игор Поповски. Улогите ги толкуваат: Емир Хаџихафизбеговиќ, Александар Сексан, Мирсад Тука, Моамер Касумовиќ.

„Жаба“ е копродукција на Рефреш Продукција од БиХ, Скопје Филм Студио, Пропелер Филм Хрватска и Ливинг Пикчрс Србија. Филмот беше поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, националните фондови на земјите копродуценти и од фондот на Советот на Европа за поддршка на европски филмски копродукции ЕУРИМАЖ.

Претставата е регионален хит и во текот на изминатите десетина години е одиграна над 260 пати.

Автор:

Слични статии