Култура

Студенти од Универзитетот во Кент бараат новата зграда да го носи името на Горан Стефановски

Студентите од Универзитетот Canterbury Christ Church University, во Велика Британија, на којшто Горан Стефановски предаваше драматургија  побараа една од зградите на овој Универзитет да го носи неговото име. Студентите започнаа петиција  за новата универзитетска зграда да го носи името на прославениот драматург и нивен предавач, кој минатата недела почина неочекувано. 

Горан Стефановски, предаваше 16 години на Катедрата на Универзитетот “Кантербери” , почнувајќи од 2002 година, пренесувајќи го своето знаење и искуство на студентите на Факултетот за медиуми, уметност и дизајн, тој беше професор ѕвезда на Катедрата,  стои на страната на kentonline.

Шефот на училиштето, професорот Дејвид Бредшо, вели дека Стефановски бил многу сакан и ценет колега, кој предизивикувал восхит поради неговата мудрост, нежност, емпатија, топлина и хумор. 

  • Горан беше неверојатен човек и неверојатен предавач, па дали има подобар начин да му оддадеме чест, од тоа што ќе ја именуваме новата зграда по него,…Именувајте ја новата зграда на Универзитетот во Кент по Горан Стефановски (Name the new CCCU building after Goran Stefanovski), пишува во онлајн петицијата на студенти од Универзитетот во Кентербери, на којшто предаваше Горан Стефановски.

На петицијата што студентот Хари Мекгин ја постави на интернет, за новата зграда за креативни уметности да го добие името по г-дин Горан Стефановски,  тој е опишан како “неверојатен човек и предавач”.

Слични статии