Култура

Срѓан Драгојевиќ: Политиката е премногу проста работа за да се занимаваме со неа, филмот е малку посложен

Срѓан Драгојевиќ, режисерот кој е автор на култните „Ние не сме ангели“, „Убавите села, убаво горат, „Рани“ и „Парада“ од 16 до 25 септември на локации во Скопје снимаше нов филм. Станува збор за неговиот нов филм „Од рајот“ кој е српско-германско-македонско-хрватско-словенечко-црногорска копродукција зад која застанаа продуцентите DELIRIUM од Србија, во копродукција со „Сектор филм “од Македонија, МА.JA.DE. FICTION Gmbh од Германија, „Форум Љубљана“ од Словенија, STUDIO DIM од Хрватска, MAX FILM од Црна Гора. Во Скопје се снимаше девет дена, и тоа почетокот и крајот на филмот. Станува збор за копродукција на сите екс-ју држави освен БиХ, плус Германија и по „Парада“, ова е втор филм на кој Драгојевиќ соработува со „Сектор филм‘“, изјави продуцентот Владимир Анастасов.

На средба со новинарите Драгојевиќ заедно со тимот кој работи на филмот соопштија детали од снимањето на филмот чиј почеток и крај се снима во Македонија, а ќе се снима и во Србија и во Германија. Драгојевиќ рече дека секогаш се радува на доаѓањето во Скопје, особено Дебар маало и дека планирал да се пресели да живее тука.

Морам да кажам дека филмот не е политичка сатира. Политиката е премногу проста работа за да се занимаваме со неа, филмот е малку посложен. Мојата сестра која е калугерка филмот го нарекува христијанска комедија. Филмот се занимава со божји чуда во време на транзиција. Тоа се три божји чуда во средновековна смисла, кога всушност и се случувале чуда. Сите по комунизмот се вративме на христијанството, по половина век, но сеуште учиме да бидеме христијани. Некогаш учиме и преку грешките, некогаш на смешен начин, смета Драгојевиќ.

Дејствието во филмот е настанато според мотивите на трите приказни на Марсел Еме, кој е веќе заборавен писател дури и во Франција. За филмот се земени три мотиви од приказната, со тоа што околностите се поинакви. Се случуваат во денешно време, но локацијата не ниту во Србија, ни Македонија, туку една земја од Источна Европа во транзиција. Драгојевиќ намерно инсистирал на тој момент, за приказната да има универзалност. Иако првата приказна се случува во 1993 година, втората 2001, а третата 2026 година, во блиска иднина и јунаците се преплетуваат низ 35 години.

Слични статии