Култура

Премиера на „Бесачи“ во Македонскиот театар

Во Македонскиот народен театар, ќе биде одиграна претставата „Бесачи“ по текст на актуелниот британско – ирски автор Мартин Мекдона, а во режија на Јавор Грдев. Премиертата е закажана на 24-ти септември на големата сцена, со почеток во 20 часот, првата реприза е на 25-ти септември, додека следните изведби се закажани на 8-ми и 9-ти октомври.

Во претставата игра веќе докажаната актерска екипа од ансамблот на Македонскиот народен театар Никола Ристановски, Кире Ѓоревски, Јордан Симонов, Камка Тоциновски, Дарја Ризова, Благој Веселинов, Ѓорѓи Јолевски, Славиша Кајевски, Владо Јовановски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Александар Михајловски, Нелко Нелковски, Трајче Ѓоргиев.

Асистент на режисерот е актерката Звездана Ангеловска, драматург е Дејан Дуковски, а преводот на текстот го направи Благоја Бошковски. Сценограф е Никола Тороманов, костимографијата е на Свила Величкова, композитор на музиката е Калин Николов и извршен продуцент на претставата е Симона Угриновска.

Билетите се пуштени во продажба преку онлајн системот преку веб страницата на МНТ/www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ, а цената на билетот за премиерната изведба е 500,00 денари, додека за репризните изведби е 300, 00 денари.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *