Култура

Предавање со симулација на ноќното небо, ослободено од облаци и од загадување

Скопско астрономско друштво и МКЦ организираат предавања на кои ќе можете да видите симулација на ноќното небото ослободено од облаци и од светлосно загадување.
Предавањата ќе се одржат на 17 и 18 декември во два термини: 17 декември 19:30 | 20:30, 18 декември 19:00 | 20:00. Нашиот предавач Радан Митровиќ ќе ве запознае со најинтересните и најважните соѕвездија и објекти, како и со календарите и нивната поврзаност со ноќното небо. Секако, централна улога има Планетариумот и неговата волшебна способност да ни го долови ноќното небо со преубав приказ на ѕвездите, да ни покаже како тоа се менува кога се наоѓаме на разни позиции на земјината топка, но и да го забрза текот на времето, а со тоа и движењето на ѕвезденото небо над нас.

Планетариумот е во состав на Младинскиот културен центар, МКЦ, а влезот е од страната што гледа кон Македонската радио телевизија.

Билетите, кои се во ограничен број, може да ги набавите во билетарницата на МКЦ по цена од 150 денари.

Слични статии