
Романски уметник го лансираше „Македониум“ во вселената
— 4 декември, 2019Студентот по индустриски дизајн Алекс Барбу, од Брашов, Романија го прикажа споменикот „Илинден“ во Крушево, попознат како „Македониум“ во поинакво светло. Станува збор за најава за негов нов уметнички проект кој ќе ги претстави најпознатите споменици од советската ера, на начин на кој досега не биле претставени.
„Идејата зад сликата со Македониум е вид на синтеза на нешто за кое размислував подолго време. Се повеќе и повеќе ме интересираат реликвиите од старата социјалистичка ера и култура, особено бидејќи и јас потекнувам од екс-социјалистичка држава, од Романија. Чувствувам длабоко поврзување со естетиката на тие стари, заборавени парчиња историја отелотворени преку старата комунистичка архитектура и споменици. Го открив „Македониумот“ додека истражував за старите советски споменици кои ги употребувам како инспирација за мојот проект и веднаш се заљубив. Продолжив да читам за него и неговото значење за македонската култура. Го открив феноменот на ‘споменикот’ во социјалистичката ера и одлучив повеќе да истражувам и дефинитивно да создадам нешто од тоа“, вели тој за Радио МОФ.
Додава дека неговата идеја е да ги визуелизира сите споменици и реликти од социјалистичката ера, како стари парчиња уметност скриени во Источноевропскиот регион, и да создаде уникатни визуелизации кои ќе доловат што тие претставуваат за луѓето.
„Дали ќе успеам да го направам тоа што го имам наумено? Не знам во моментот, овае е амбициозен проект кој дефинитивно бара многу работа, но 100% внесен во работата“, вели тој.
Извор: Радио МОФ
Автор:
Слични статии
-
-
-
-
Почина сликарот Владимир Георгиевски
25 мај, 2017
Последни статии
-
„Мијачка“ е најновото кореографско решение на Марјан Андоновски
— 23 мај, 2022„Мијачка“ е првото кореографско решение на етнокореологот Марјан Андоновски, што премиерно беше изведена на последниот годишен концерт на НУ Танец. Марјан Андоновски оваа година го прослави својот 15 годишен јубилеј како играрец во „Танец“. Неговите сценски достигнувања се препознатливи по изведбата на бројни солистички и истакнати точки на повеќе од 350 концерти и настапи во…
-
Нов метод на разложување на пластиката ќе направи револуција во рециклирањето
— 20 мај, 2022Научниците откриле нов, брз начин на разложување на пластиката со помош на вештачка интелигенција. Станува збор за истражувачки тим од Универзитетот на Тексас во Остин кој успеал да модифицира ензим со кој се разложуваат состојките на полиетилен терефталат, кој често се користи во пластиката. Модифицираниот ензим ја разложил пластиката за една недела. Со досегашните методи,…
-
Шестиот број на „Книжевни елементи„ во книжарниците во Скопје и Битола
— 13 мај, 2022Шестиот, пролетен број на книжевното списание „Книжевни елементи“ во издание на Здружението „Перун Артис“ од Битола, излезе од печат на рекордни 240 страници. Уредник на ова списание е Сашо Огненовски. Списанието „Книжевни елементи“ за коешто интересот се зголемува со секој нов број, може да се најде во книжарниците во Скопје и Битола. Во шестиот број…
-
Излезе книгата „Јазикот е чудна ѕверка“ од Марина Костова
— 5 мај, 2022Во издание на „Или-Или“ излезе книгата „Јазикот е чудна ѕверка“ на Марина Костова, хибридна збирка со куси лични истории, рецензии и есеи. Книгата е достапна во книжарницата на „Или-Или“, а во рамките на Саемот на книгата од 3 до 9 мај во салата „Борис Трајковски“, авторката ќе ја потпишува на 6 мај од 17-19 часот. „Јазикот е чудна…
-
Пристапна изложба на новите членови на ДЛУБ(галерија)
— 3 мај, 2022На пристапната изложба на новите членови на ДЛУБ, којашто беше отворена во ликовниот салон на ДЛУБ на 28 април, се претставија новите членови со нивните дела, достојно претставувајќи се, секој со свој, својствен уметнички израз. А тој е најдобар показател за нивните стремежи, мотиви и инспирации, израз преку кој имаат што да кажат и што…
-
ЦИКЛИЧНОСТА НА НИКОГАШ НЕПРЕЖАЛЕНИОТ СОЦРЕАЛИЗАМ
— 2 мај, 2022(Кон претставата „Цемент“ од Хајнер Милер во режија на Себастијан Хорват и во продукција на Загребачкиот Театар на Младите од Загреб. Гл. Улоги: Ракан Рушаидат, Наташа Копеч, Сретен Мокровиќ, Уго Корани, Пјер Меничанин, Дадо Ќосиќ, Барбара Прпиќ, Петра Свртан, Милица Манојловиќ, Тина Орландини, Миливој Беадер, Ведран Живолиќ, Матео Видек, Тома Медвешек.) „Цемент“ е драмски текст…
-
Признава ли Македонецот сопствена вина?
— 29 април, 2022Во долгите „дебати“ со мои блиски пријатели и другари на кои општествен интерес и една од занимливите теми за муабет им е политиката и сѐ поврзано со неа честопати филозофираме на темата зошто дојдовме до ова дереџе како нација и држава и зошто не може никако, за жал, и никогаш да се оправиме?! Најчесто констатираме…
-
Густата магла на дехуманизирањето
— 26 април, 2022(Кон претставата „Game” (Игра) авторски проект на Жига Дивјак во продукција на Словенскиот младински театар и театарското списание „Маска“ како проект на „Нова пошта“. Гл. Улоги: Примож Безјак, Маруша Облак, Сара Дирнбек, Вито Вајс и Матеј Пуц) „Не тепаа по главата“, „Му реков дека имам шеснаесет години, но полицаецот рече: ‘не, роден си во 2001…