
Почина пијанистката и универзитетски професор Јасминка Чакар
— 12 ноември, 2020По кратко боледување , на 81 година почина Јасминка Чакар, истакната пијанистка и професорка на Факултетот за музика уметност во Скопје.
Родена е во Битола , каде започнала нејзината музичка едукација, а дипломирала на Музичката академија во Загреб, 1963 година. Магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, 1976 година. Работела како професор на ФМУ од 1967 година до 2003 година, едуцирајќи повеќе од 40 млади пијанисти.
Јасминка Чакар концертирала како солист и во различни состави, во Македонија и во повеќе европски земји. Беше особено активна и ценета како пијано- соработник, со реализирани над триста концертни настапи со домашни уметници, како и со солисти од странство. За својата посветена работа таа е добитник на државната награда „ 11 Октомври“, но и на наградата „ 13 Ноември“. Ќе остане запаметена по нејзиниот влог во развојот на македонскиот пијанизам и домашната музичка култура, воопшто.
Автор:
Слични статии
-
-
ПОЧИНА ПИСАТЕЛОТ АКАДЕМИК ЛУАН СТАРОВА
25 февруари, 2022 -
Почина академик Радован Павловски, еден од најбрилијантните поети
23 февруари, 2022 -
ПОЧИНА КОМПОЗИТОРОТ И ДИРИГЕНТ АЛЕКСАНДАР ЏАМБАЗОВ
25 јануари, 2022
Последни статии
-
МЕТАМОРФОЗА НА ОЧАЈОТ
— 15 март, 2023(Кон „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов во режија на Разван Мурешан во продукција на Народниот театар од Клуж Напока, Романија. Главни улоги: Ирина Винце, Санциана Тарца, Дијана Булуга, Космин Станила, Максим Мирон) На самиот почеток од дваесеттиот век, Антон Павловвич Чехов ја подарува на светот неговата претпоследна пиеса, „Три сестри“, пиеса густа со текст,…
-
„Вистинита но не многу веројатна…“ на Влада Урошевиќ е добитник на „Роман на годината“
— 15 март, 2023Романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје) ја доби наградата „Роман на годината“ за 2022, која што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот е седми поо ред на овој автор, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина…
-
ОДЛЕТУВАЊЕ НА ИДЕНТИТЕТОТ
— 13 март, 2023(Кон претставата „Сите сме птици“ во режија на Слободан Унковски, во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Дамјан Цветановски, Сара Климоска, Ѕвездана Ангеловска, Николина Кујача, Никола Ристановски) Важди Муавад е драмски автор кој пишува за апатридите чија припадност секогаш е прашање на идентитетската флуктуалност. Како либански емигрант тој во целата своја библиографија…
-
„Пејзаж на вознемиреност“ во МСУ посветена на климатски промени и еколошки предизвици
— 6 март, 2023На деветти март, четврток, во Музејот на современа уметност, ќе се отвори изложбата „Пејзаж на вознемиреност (култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени)“, посветена на климатските состојби и еколошки предизвици. Пејзажот на вознемиреност се однесува на промените во животната средина, коишто генерираат ургентни состојби преку екстремните временски услови, губење на биодиверзитетот, девастираната животна средина, неконтролирани…
-
Горчливиот незаборав и лузните што никогаш не се бришат
— 6 март, 2023(Кон претставата „Рехниц – ангелот на уништувањето“ од Елфриде Јелинек во режија на Сабине Митерекер и во копродукција на Сараевскиот воен театар „Сартр“ со Хрватскиот народен театар во Мостар. Главни улоги: Селма Алиспахиќ, Јелена Кордиќ Курет, Џана Џаниќ, Сеад Пандур и Дражен Павловиќ) На 25 март 1945 година, на забавата на грофицата Маргит од Бетијани,…
-
Длабоко фундиран минимализам
— 6 март, 2023(Кон претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен во режија на Нина Николиќ во продукција на Македонскиот народен театар – Скопје. Главни улоги: Никола Ристановски, Ѕвездана Ангеловска, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Сашка Димитровска) Ибзеновиот драмски опус е еден од оние што најконкретно кореспондира со денешното време. И „Нора“, и „Хеда Габлер“, а еве и „Народниот непријател“…
-
Десет романи во трка за наградата „Роман на годината“
— 3 март, 2023Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вреднисти „Славко Јаневски“, во состав: Симона Јованоска (минатогодишен лауреатка и претседателка на Комисијата), Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра десет романи што останаа во…
-
Електронското издание за македонската книжевност во првите две децении на дваесет и првиот век
— 3 март, 2023Деновиве е објавено електронското издание на книгата, Кон-текстот: дигитални осврти (македонската книжевност во првите две децении на дваесет и првиот век). Книгата е резултат на истражувањето на дипломирани и тековни студенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ – Скопје, во соработка со професорката Калина Малеска, како уредничка на книгата. Авторите и авторките на поглавјата…