Култура

Концерт на Македонска филхармонија со дела од Манчев и врвни класици

Музичари од оркестарот на Македонската Филхармонија, в четврток, во 20 часот, ќе одржат камерен концерт во големата сала со наслов „Филхармонија за Филхармонија“, на кој ќе бидат изведени дела од македонскиот композитор Томе Манчев, од П. И. Чајковски, Л. В. Бетовен, Ференц Фаркаш и од Бизе.

Во рамките на концертот ќе настапат Мојца Седеу – перкусии, Весна Ангелова Христов – пијано, гудачкиот квартет „Филхармонија“ (Ана Кондратенко, Бојан Илковски, Бојан Талевски, Марија Михајловска), дувачкиот квинтет (Елена Дојчинова, Владимир Лазаревски, Здравко Ангелов, Горан Јанев, Ванчо Стојановски), дувачкото трио (Владимир Лазаревски, Марина Николовска, Маја Чанаќевиќ) и брас-квинтетот (Стефан Илиев, Горан Арменски, Благоја Василевски, Никола Ристевски, Александар Ниниќ).

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *