Култура

Почина актерката Мира Фурлан на 65 години

Познатата филмска и театарска актерка Мира Фурлан почина на 65-годишна возраст, во средата, 20 јануари. Фурлан е родена во Загреб на 7 септември 1955 година.

Отпрвин, таа беше истакната актерка во Хрватскиот народен театар во Загреб, но во 80-тите години стана една од најпрепознатливите и најавтентични југословенски филмски актерки. Во тој период од нејзината работа таа постигна исклучително успешни филмски улоги, како оние во филмовите „Киклоп“ (1982) на Антун Врдоjак, „За среќа се потребни тројца“ (1986) на Рајко Грлиќ, филмот „Убавината на порокот“ (1986) на Живко Николиќ и други.

На почетокот на распадот на Југославија, Фурлан замина во Америка, каде што исто така продолжи да игра значајни улоги. Најзначајните и секако најпопуларни достигнувања во кои таа играше улоги се планетарно популарните телевизиски серии Babylon 5 и „Изгубени“.

Фурлан беше интелектуалец кој го искажа својот критички став кон лудилото што се случи на нашите простори во 90-тите години на минатиот век, укажа на опасностите на национализмот и омразата што произлегува од него, но исто така прецизно ги демаскира сите ужаси што се случуваат во светот околу нас.

„Ова е ноќ на голема тага бидејќи нашата пријателка тргна по патот каде штпо не можеме да ја достигнеме. Но, како и за сите работи, ние ќе го стигнеме тоа со текот на времето и верувам дека ќе има многу приказни и многу нови улоги што треба да ги споделиме со универзумот “, рече Мајкл Страчински, автор на научнофантастичната серија Babylon 5.

Славната актерка пред пет години беше меѓу главните гости и почесни членови на главното меѓународно жири на новиот филмски фестивал „Киненова Скопје“, кој се одржа во октомври, на повеќе локации Скопје.

Автор:

Слични статии