Култура

МКЦ распиша повик за проекти од визуелни и применети уметности

Младинскиот културен центар,  МКЦ,  распишува повик за уметници, што сакаат да партиципираат со проекти од областа на визуелни и применети уметности, како дел од годишната ликовна програма. 

 

 

На повикот можат да се пријават автори, куратори, уметнички групи и колективи, уметнички и културни организации и институции. Учесниците ќе бидат селектирани врз основа на поднесените апликации, за кои ќе одлучува комисија и програмски колегиум на МКЦ. Главните критериуми според кои ќе се води комисијата при селекцијата на уметниците и нивните дела ќе бидат, квалитет, иновација,  потреби од МКЦ и карактер во опсег на предложениот концепт. Дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники. 
Со цел да земат учество на повикот, апликантите не треба ништо да печатат, носат во архивата на МКЦ или праќаат по пошта туку е доволно само уредно да ја пополнат апликацијата онлајн преку следниот линк: https://mkc.mk/aplikacii/aplikacija-likovna-2021/
Повикот за аплицирање е отворен најдоцна до 17 февруари 2021.

Автор:

Слични статии