
Владата го прогласи Аквадуктот за споменик со највисок степен на заштита
— 20 април, 2021Владата на Република Македонија, на предлог од Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, на денешната седница донесе Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.
Одлуката уследи по усвоениот елаборат за ревалоризација на споменикот, процес кој долги години беше закочен во надлежнитe институции.
Со ревалоризацијата на Аквадуктот е опфатено и прашањето за категоризација на доброто според неговото значење, а со тоа и прашањето за режимот на заштита.
Одлуката овозможува трајно зачувување на Аквадуктот и на неговите вредности во културна и историска смисла, како и во однос на заштитата на архитектурата, на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот аспект на локалитетот. Со тоа се овозможува конечно да започне и неговата физичка заштита.
Со донесувањето на Одлуката, Аквадуктот се вбројува во уставната категорија „добра од општ интерес за Република Северна Македонија“ и ужива посебна заштита во смисла на Уставот и Законот за заштита на културното наследство.
Автор:
Слични статии
-
-
За што се боревме!
18 јануари, 2019 -
-
Неверојатни откритија -дури и по векови, ентериерите се неверојатни
20 септември, 2017
Последни статии
-
ОГНОТ, ВЕЧНАТА ТЕМНИНА И ЃАВОЛОТ КОЈ НЕ Е СЕКОГАШ ЦРН
— 30 јануари, 2023(Кон претставата „Божествена комедија“ по Данте Алигиери и други автори во продукција на Белградскиот драмски театар во режија на Франк Касторф. Главни улоги: Марко Гверо, Александар Радојичиќ, Марија Васиќ, Александар Јовановиќ, Милан Зариќ) Франк Касторф е можеби најпопуларната контраверзна личност во театарскиот живот во Европа, театарски уметник кој докторирал на Јонеско и кој својата слободоумност…
-
ВЕДРА СКАЗНА ЗА НАЈГОЛЕМАТА ПЛАЧКА НА СВЕТОТ ВЕДРА
— 30 јануари, 2023(За книгата „Ведра“ на Јулијана Величковска, во издание на ПНВ Публикации, Скопје, 2022, 32) Седнувам да пишувам за „Ведра“ од Јулијана Величковска. И тоа со возбуда заради ведрината што ја носат новите македонски книги/приказни за деца. Сепак, вистинската инспирација за овој текст, и покрај тоа што претходно дури трипати ја прочитав (како што е редот…
-
„Скутина, фута, бовча, диљка“ – мултимедијална изложба во Куманово
— 27 јануари, 2023„Скутина, фута, бовча, диљка“ е насловена мултимедијалната изложба на етнокореологот Бојан Петковски која беше отворена денеска во фоајето на центарот за култура „Трајко Прокопиев“. На изложбата можат да се видат фотографии, паноа кои ја покажуваат важноста на скутината. Централно поставена, генерално во големи димензии, таа чини голем дел од целокупната слика на носијата. Кај женските носители, носена…
-
Фаворитите за Оскар 2023 за најдобар филм
— 26 јануари, 2023Фаворитот „Everything Everywhere All In Icon“ има 11 номинации, а „The Banshees of Inisherin“ има 9. Филмовите се рангирани според тоа колку е веројатно да го освојат Оскарот на 12 март во театарот „Долби“ во Лос Анџелес. 10. “Triangle of Sadness” Номинации: 3 Најдобар филм, најдобар режисер (Рубен Остлунд), најдобро оригинално сценарио. За што се…
-
ЛИЦЕ В ЛИЦЕ СО СМРТТА
— 25 јануари, 2023(Кон претставата „Орачот и смртта“ по поемата на Јоханес фон Тепл, во продукција на Народниот театар „Василе Александри“ од Јаши, Романија. Режија: Силвиу Пуркарете. Гл. улоги: Калин Кирил, Дијана Кирил, Петронела Григореску, Ирина Радуцу Кодреану, Малина Лазар) Поемата на Бохемискиот поет од четиринаесеттиот век Јоханес фон Тепл „Орачот од Бохемија“ популарно позната како „Орачот и…
-
#НОРА #НЕДОРАЗБИРАЊЕ #РАЗДЕЛБА
— 23 јануари, 2023(Кон претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен во продукција на Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија, Бугарија. Режија: Тимофеј Кулјабин. Главни улоги: Радина Крџилова, Иван Јуруков, Дарин Ангелов, Ана Пападопулу) „Нора“ , како најмаркантната пиеса на Хенрик Ибсен зборува за релациите меѓу љубовта (посветеноста) и гордоста. Овој голем нордиски драматичар го проблематизира статусот на жената во…
-
Невработеност, миграција, нарушено ментално здравје и заборавени од институциите беше 2022 за младите во МК
— 19 јануари, 2023Младите во Македонија, во текот на 2022 година, се соочија со низа проблеми кои директно се одразија на нивниот живот. Тие во вокабуларот на политичарите се врвен приоритет, но во пракса властите не прават доволно за нивната подобра иднина. Следи преглед на она што ја одбележа 2022 година во однос на младите во Македонија, според…
-
Зоран Анчевски добитник на наградата „Григор Прличев“ за поемата „Коњски житија“
— 12 јануари, 2023Македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во ракопис за 2022 година, за делото „Коњски житија“, на конкурсот на центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Поемата „Коњски житија“, која пристигнала под шифра „Џамбаз“, на состанокот на жири-комисијата во декември минатата година, едногласно била одрбана меѓу…