Култура

Cinedays конкурс: 72 часа еко филм

Фестивалот на европски филм, „CINEDAYS“ објави конкурс за млади од 16 до 20 години од Македонија, кои аплицираат како тимови од 3 до 5 учесници за снимање кратки видеа на однапред зададена еко-тема, а конкурсот трае уште два дена, заклучно со 10 јуни до 16 часот.  Во текот на петдневниот престој во Скопје за време на фестивалот, учесниците имаат задача во рок од 72 часа да направат сценарио, снимат и монтираат кратко видео на тема што ќе ја одберат по случаен избор.

На овој конкурс може да аплицираат млади луѓе со или без претходно познавање на техники за снимање. Фестивалот на примените кандидати им обезбедува:

  • Датуми за резиденцијален престој во Скопје во времетраење од 5 дена во периодот од 10 до 20 јули (датумите ќе се прецизираат по завршувањето на Конкурсот);
  • Покриени трошоци за сместување, пат, храна и акредитација за фестивалот;
  • Одредување одредена еколошка тема по која започнува истекот на рокот од 72 часа за снимање и продуцирање на видеото;
  • Презентација на снимените видеа на групна проекција за време на фестивалските дати и гласање за најдоброто видео;
  • Награди за целата екипа од најдобриот филм, од фондот на настани во МКЦ;

Координатор на проектот и лице за контакт: Емилија Чочкова, email: [email protected]

Формулар за аплицирање: https://mkc.mk/vesti/cinedays-konkurs-72-casa-eko-film/

Автор:

Слични статии