Култура

„Мастерклас со Лајовиц“ вечер во Македонска филхармонија

Оркестарот на Македонската филхармонија,  вечерва, петти ноември, со почеток во 20 часот, ќе го одржи концерт со наслов „Мастерклас со Лајовиц“, на кој како солист ќе настапи македонскиот виолончелист Паскал Краповски. На програмата се дела од Росини, Хајдн и Дворжак. Концертот ќе го водат млади диригенти кои ќе учествуваат на мастеркласот кој ќе го води познатиот словенечки маестро Урош Лајовиц.

 Лајовиц е роден на 4 јули 1944 година во Љубљана. Студирал композиција и диригирање на Музичката академија во Љубљана, каде и дипломирал на двата смера во 1967, односно 1969. година. За исклучителни остварувања во двете области, во 1968. и 1969. година ја доби студентска Прешернова награда. Настапувал ширум Европа, диригирал во САД, Колумбија, Јужна Кореја, Тајван, Хонг Конг, Кина и Јапонија. За време на повеќе од четириесетгодишата кариера одржал повеќе од 1400 концерти, диригирал со повеќе од 90 различни симфониски оркестри и ансамбли и соработувал во повеќе од 900 солисти.

Виолончелистот Краповски е роден во семејство со долга музичка традиција. Своето образование го започнува со Ристо Краповски и со Диме Стојанов во Скопје, по што продолжува со додипломски и постдипломски студии во класата на Анатоли Крстев на Државната академија „Панчо Владигеров“ во Софија. Професионалниот ангажман како водач-виолончелист при Македонската филхармонија му овозможува активно да се занимава и со камерното музицирање како член на триото „Парнасус“ и на „Music Progressive Quartet”. Покрај изведувачката дејност, активно се занимава со педагошка и со истражувачка дејност. Краповски е повеќекратен лауреат на државните натпревари по виолончело и камерна музика.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *