
Награда за најдобар роман на Сашо Огненовски во Хрватска
— 16 ноември, 2021На триесетгодишнината на Хрватското книжевно друштво во Риека, наградата за најдобар роман, надвор од хрватското говорно подрачје, годинава му припадна на македонскиот писател и преведувач, Сашо Огненовски. На традиционалното доделување на книжевните награди, наградата му беше доделена за неговиот роман „Турнеја“ во издание на Бегемот од Скопје, од страна на претседателот на Хрватското книжевно друштво Валерио Орлиќ, во салата на Советот на градот Ријека. Книжевниот портрет на Сашо Огненовски, беше одржан во просториите на Македонското Културно Друштво „Илинден“ каде што беа претставени неговите книги заедно со наградениот роман „Турнеја“ како и книжевното списание „Книжевни елементи“ чиј последен број беше посветен токму на хрватската книжевност. Книгите ги претставија писателите Валерио Орлиќ и Срѓан Духовиќ, и во истата вечер на Сашо Огненовски му беше доделена и наградата за особени заслуги во областа на книжевноста.
Автор:
Слични статии
-
-
-
Роман на годината – извадоци од пристигнатите романи (4)
10 март, 2021 -
Избрани 18 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“
16 февруари, 2021
Последни статии
-
Македонскиот народен театар оди на летна турнеја
— 1 јули, 2022Македонскиот народен театар ова лето со две различни претстави ќе се претстави на повеќе сцени. Гостувањата на кратката летна турнеја ќе се случат во периодот од 3 јули до 15 август.Патувањето ќе започне со гостувањето на претставата „Не се клади на Енглези“ на 3 јули, во рамките на 15-годишнината од Фестивалот „Македонско културно лето“ во Пустец,…
-
НЕИЗМИЕНИТЕ РАНИ НА СУРОВОСТА
— 29 јуни, 2022(Кон претставата „Генерација З – неспоредлива убавина“ по текст на Валерија Шулцова и Дарина Сбрахамова, во режија на Зузана Фјалова, а во продукција на Павол Оршаг Хвездослав Театрот од Братислава, Словачка. Гл. улоги: Марија Шумерова, Анамарија Јанекова, Романа Ондерјковичова, Вивиен Квасницова, Паула Гогола, Ема Шутовцова) Пронаоѓањето на самите себеси во светот полн со измами и…
-
Македонскиот филм „Мими“ ќе го отвори годинешниот 21 „Синедејс“
— 29 јуни, 2022Фестивалот на европски филм „Синедејс“ копј годинава го доживува своето 21 издание, ќе се отвори со македонската премиера на долгометражниот игран филм „Мими“ во режија на Даријан Пејовски, на 7-ми јули, четврток, на кровот на ГТЦ. Под слоганот „Од високо подобро се гледа“ од 7 – 14 јули 2022, годинава фестивалот обединува повеќе од 50…
-
ЖЕНСКОТО ТЕЛО КАКО ХАЛУЦИНАЦИЈА НА ЛЕГИТИМИТЕТОТ
— 27 јуни, 2022(Кон претставата „Последните девојчиња“ по текст на Маја Пелевиќ во режија на Кокан Младеновиќ, а во продукција на театарот „Деже Костолањи“ од Суботица, Србија. Гл. улоги: Давид Бубош, Тимеа Филеп, Николета Гргиќ, Борис Кучов, Габор Месарош, Андреа Веребеш) Пишувајќи ја оваа рецензија попатно ја добивам информацијата дека конгресот на САД донесува флагрантен закон за забрана…
-
ГОЛЕМИТЕ ИСТОРИИ НА МАЛИТЕ ЛУЃЕ
— 25 јуни, 2022(Кон збирката раскази „Луѓенца“ од Лилјана Пандева во издание на ПНВ Публикации, Сkопје, 2020) Тркалото на историјата секогаш го завртувале големите личности со пронајдоци, политички стратегии, големи уметнички дела, но и со големи војни и геноциди. Но, некаде внатре, во сите нивни дела пулсира животниот вруток на оние што иницирале, што направиле, што извршиле, што…
-
МУДРО ЗА ВРЕМЕТО И ПРИСУТНОСТА
— 24 јуни, 2022(Кон поетската збирка „Секој секому огледало“ од Андреј Ал-Асади, во издание на ПНВ Публикации, Скопје, 2022) Андреј Ал-Асади е млад поет со висока гама на мудрост во своите стихови. Неговите три поетски збирки нудат луцидни, контемплативни, но и сигнификантни стихови каде тој на многу наврати ја анализира релацијата „постоење – присутност“ во антрополошката траекторија на…
-
Вечерва ќе биде доделана наградата ДЕНЕС 2022 – финалисти се четворица македонски уметници
— 22 јуни, 2022Во Националната галерија на Република Северна Македонија – мултимедијален центар „Мала станица“, вечерва во 19 часот ќе биде врачена наградата ДЕНЕС 2022 на четворица млади уметници од нашата земја Македонија. Овој настан како и самиот избор, по шеснаесетти пат е на Факултетот за работи што не се учат – ФРУ, Скопје во соработка со Центар…
-
Промоција на „Заследи ме“ од Јордан Коцевски
— 16 јуни, 2022Вечерва, на платото пред Младинскиот културен центар, ќе се одржи промоција на книгата „Заследи ме“ од Јордан Коцевски, на која промотор ќе биде Златко Гелески, а настанот ќе го модерира Јулијана Величковска. „Зафаќајќи се со современа тема, Коцевски си игра со логиката на денешната култура, која и тоа како е моделирана од социјалните мрежи. Марина,…