Денес купуваме облека повеќе од кога било претходно, ја носиме пократко време и создаваме огромни купишта текстилен отпад, кој во голем дел завршува на депонии и се пали ослободувајќи токсични материи и гасови со ефект на стаклена градина. Секоја година се произведуваат неверојатни 100 милијарди парчиња облека, по 14 парчиња облека за секој човек на планетата. Модната индустрија стана синоним за прекумерна потрошувачка, но и неконтролирано производство на отпад, загадување на животната средина и експлоатација на работниците.
Проблемите на модната индустрија се бројни, па затоа во јавноста ретко се доаѓа до темата за нејзиното влијание на климатските промени.
Синтетиката е прва во низата проблеми
Влијанието на модната индустрија на животната средина започнува од првата алка во ланецот на снабдување. За да произведе што поевтин текстил индустријата сè повеќе се потпира на синтетичките влакна, првенствено на полиестерот. Доколку продолжи сегашниот тренд за употреба на синтетички влакна, проценето е дека за помалку од една деценија три четвртини од текстилот ќе се произведува од фосилни горива. Полиестерот депониран во природата се распаѓа и создава микропластични честички кои не се биоразградливи и кои продолжуваат да кружат во природата, па можат да се најдат дури и во живи организми.
Поголемиот дел од облеката својот животен век ќе го заврши или на депонија или ќе биде изгорена. Од вкупно 48 милиони тони облека произведени во 2015 година, крајна дестинација за повеќе од 70 проценти, или 35 милиони тони облека, ќе биде или некоја депонија или некоја печка, при што 70 проценти од тоа се депонирани, а преостанатите 30 проценти запалени. Секоја секунда приближно еден камион облека се исфрла на депонии ширум светот. Поголем дел од овој отпад постепено ќе скапува следните стотина години, тослободувајќи микровлакна и токсични хемикалии во тлото и подземните води, како и метан во атмосферата.
Рециклирањето не може да го реши проблемо
Во моментов се рециклира помалку од 1 процент стара облека за да се произведе нова, 13 проценти се префрлаат во други материјали, додека материјалот за рециклиран полиестер главно доаѓа од пластични шишиња. Со тоа пластиката само се пренесува од рециклажниот циклус и се доведува на чекор до депониите. Облеката која не се депонира се пали. Бидејќи количината облека која станува отпад константно се зголемува, а нејзиното откупување опаѓа, во некои посиромашни рурални средини забележано е дека луѓето користат пакети половна облека како гориво за огрев, што го доведува процесот на палење на облеката во населени области што дополнително може да има последици по здравјето на жителите.
Според проценките, модната индустрија учествува со околу 8 до 10 проценти од вкупните емисии на гасови со ефект на стаклена градина, и околу 20 проценти од отпадните води.
Позитивни примери на работење
Некои компании самоиницијативно ги преземаа првите чекори и го реформираа своето работење.
На пример, брендот за женска облека House of Baukjen доби награда од ОН за својот циркуларен деловен модел. Нивната модна куќа постигна јаглеродна неутралност во целиот свој снабдувачки ланец, процесите на производство и логистика. Еден од методите за ваквиот успех е што своите материјали ги набавуваат од етички добавувачи, главно одлучувајќи се за природни влакна кои се обновливи и од рециклиран материјал.
Примерот на бавна мода како вид работење го примени Патагонија која со негативната маркетиншка кампања „Не ја купувај оваа јакна“ апелираше до своите клиенти двапати да размислат пред купувањето и да се определат за нешта кои би им траеле. Компанијата оствари раст на приходите продолжувајќи да произведува облека која трае. За време на Црниот петок во 2016 година преку продажба остварија 10 милиони долари, а сиот приход го донираа во борбата против климатските промени.
Заедно со брендовите Deciem, Freitag и Allbirds последниве години редовно го бојкотираат овој ден со кој се поттикнува масовното купување.
Одлучувачката улога на законодавството
После ЦОП26, нова надеж доаѓа од Европската комисија која најави дека годинава ќе ја објави целокупната стратегија на ЕУ за текстилните производи. Оваа стратегија претставува можност да се намали негативното влијание на светската мода. За ефикасни промени е неопходно раздвојување на модната индустрија од фосилните горива и обезбедување индустријата да се трансформира во одговорно производство засновано на употреба на одржливи влака и преминување кон производство на облека која би имала подолг век на траење и повеќе можности за рециклирање.
Во Народниот музеј на Србија во Белград, од 20 до 22 март е одржана работна средба на тимовите за организација на ексклузивната јубилејна изложба “105 години Требениште”. Претставниците од НУ Археолошки музеј на Македонија, Народниот музеј на Србија и НАИМ при БАН, работеа на подготовката на каталогот но, и на други организациски и конзерваторски активности,…
Во престижниот простор Кунстхале Виена/Kunsthalle Wien Museumsquartier (кој е дел од Музеум Квартиер) еден од најголемите европски културни центри, на 20 април ќе биде отворена изложбата – „No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“. За првпат, во Виена ќе биде претставена селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност –…
Македонските преведувачи Сашо Огненовски, Марио Стојаноски и Мирјана Илиева Јашари, се меѓу наградените за најдобри преводи на драмски дела пријавени од цела Европа за 2023 година, соопшти Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“. Македонскиот комитет на „Еуродрам“ разгледа вкупно 19 предложени драмски преводи на македонски јазик од кои како најдобри ги избра „Папагал“…
(Кон претставата „Соблазна во долината Шентфлоријанска“ од Иван Цанкар во продукција на Словенскиот младински театар од Љубљана. Режија: Вито Тауфер. Главни улоги: Блаж Шеф, Урош Каурин, Дарио Варга, Иван Годнич, Јања Мајзељ) „Соблазна во долината Шентфлоријанска“ е најзагадочната пиеса на Иван Цанкар чиј реализам и онака е на работ на маѓискиот третман. Во оваа во…
(Кон претставата „Баал“ од Бертолт Брехт во продукција на Словенскиот младински театар од Љубљана во режија на Вито Тауфер. Главни улоги: Иван Годнич, Јуре Иванушич, Урош Мачек, Роберт Пребил, Матеј Рецер) Првата пиеса на Бертолт Брехт е особена и прецизна апотеоза на современиот антихерој чии пороци стануваат вирални и совршено привлечни. „Баал“ е пророчка пиеса…
(Кон „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов во режија на Разван Мурешан во продукција на Народниот театар од Клуж Напока, Романија. Главни улоги: Ирина Винце, Санциана Тарца, Дијана Булуга, Космин Станила, Максим Мирон) На самиот почеток од дваесеттиот век, Антон Павловвич Чехов ја подарува на светот неговата претпоследна пиеса, „Три сестри“, пиеса густа со текст,…
Романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје) ја доби наградата „Роман на годината“ за 2022, која што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот е седми поо ред на овој автор, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина…
(Кон претставата „Сите сме птици“ во режија на Слободан Унковски, во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Дамјан Цветановски, Сара Климоска, Ѕвездана Ангеловска, Николина Кујача, Никола Ристановски) Важди Муавад е драмски автор кој пишува за апатридите чија припадност секогаш е прашање на идентитетската флуктуалност. Како либански емигрант тој во целата своја библиографија…