(Кон претставата „Уметноста е ормар“ по пиеси на Данил Хармс во продукција на Словенскиот Малдински Театар и во копродукција со Друштвото за уметност АВГУС од Љубљана, во режија на Иван Петернељ. Гл. улоги: Даша Добершек, Јана Мајзељ, Блаж Шеф, Матија Вастл, Иван Петернељ, Полона Јанежич, Гаспар Теснер )
Колку ни е потребен духот на Хармс во овој порочен и збунет дваесет и први век? Многу. Не за да се посмееме, не за да се воодушевиме на неговата пророчка апсурдност, туку за да се запознаеме со една тивка деструкција која „започнува со кич, а завршува со крв.“
Претставата на Младинско од Љубљана работена по едночинките и кратките сценки на Данил Хармс не потсетува на една историја која се повторува, но во една излитена и истоштена форма. Имено, на малата сцена зафрлена неладе во театарските џебови Иван Петернељ, режисерот на оваа едночасовна претстава ја превртува ракавицата на и онака завратената логика на самиот Хармс. Тоа двојно завртување на ракавицата и во феноменолошка смисла, но и чисто прагматично, во театарската, е базично наивно навраќање на светот на Гогољ. Многу пати се споменува фразата дека гротескните ликови се излезени од „шинелот на Гогољ“. Во оваа претстава тие гротескни ликови имаат благ вкус на натурализам и се исфрлени токму од ормарот на Гогољ. Петернељ во својата режисерска концепција го репостира Хармс во една историска „недоследност“ која по малку делува стриповски, не во визуелна смисла, туку во јаркоста на ликовите и црно белата позиционираност. Оваа претстава импонира со една многу интересна поврзаност на Хармсовата фрагментарност која низ режијата на Петернељ е релација која стои таму назад, во магливата биографија на ликовите и акцентираната вмреженост со нашиот црн и отужен реалитет. Кои се нишките кои ги поврзуваат Хармсовите ликови и модерната дисфункционалност? Дистанцата на приказната која се раскажува од самите ликови, сатиричната глазура на толкувањето на ликовите и алогичноста на дејствието кое повремено има Јонесковски мирис. Во таа констелација Иван Петернељ, кој е и самиот актер, а и е дел од актерската постава на оваа претстава отуѓувањето го разбира како околност, а не како редундантен сооднос. Така ликовите и актерите пулсираат во тој сив комодитет креирајќи сцени со голема доза на хумор, но и со една тензична и многу, многу логична тишина која на крајот од претставата станува по малку злокобна. Оваа претстава е едноставна и почива на колективната игра во која актерите интерпретираат прототипови за кои потсетувањето на Гогољевите води кон едно и историски, но и литерарно следство силно инкорпорирано во милје за кое пак, од друга страна ние како публика се уште не сме свесни.
Не сме свесни не затоа што не знаеме, туку затоа што логиката на настаните е намерно преинсталирана. Она што актерите и актерките го одигруваат е гротескно навраќање на Гогољевиот џеб ( не шинел) преку апсурдистичките дијалози на Данил Хармс кој како дел од тогашната руска авангарда бил далеку порадикален и од Введенски, а и од другите нејзини претставници. Остар и бескомпромисен, овој автор бил книжевна персона нон грата се до осумдесеттите години и во тогашна Југославија, па истите овие сценки во тоа време убаво згрижени како „Случаи“ се делеа под рака и во прилично неугледни изданија. Ова го споменувам затоа што во мракот на оваа претстава под топката која е и свет, а и месечина се крие токму хибридната ригидност која сега, во оваа фрагилна демократија ние ја чувствуваме како последица и на двата видови на репресија: комунистичката и транзициската.
Многу е тешко да се издвои некој од сјајните актери и актерки кои одлично го водеа дејствието на оваа сива и мрачна гротеска: Даша Добершек, Јана Мјазељ, Блаж Шеф, Матија Вастл, Иван Петернељ, Полона Јанежич и Гаспар Теснер пред нас носат еден свет кој е исцрпен од цивилизацискиот галиматијас и кој својот излез го гледа единствено во поигрувањето со самиот себе. Енергијата на целиот кастинг се претвора во чудовиште кое е создадено од пороци и деструкции, а Куртвајловиот шмек е една естетска дистанца што наведува на помислата дека повторувањето на историските апсурди не е ништо страшно, како што е и смртта нормална појава. Конечно целата филозофија на оваа претстава лежи врз актерскиот израз кој е совршено компактен, доследен и органичен.
Драматургијата на Јана Павлич ги поврзува прототиповите кои се појавуваат во сценките на Хармс многу компактно и доследно, за Петернељ како режисер да ги дисеминизира и раслојувајќи ги повторно да ги спои во една органика која има повеќе значење од нарација. Брехтовскиот навев се чувствува само како рамка во која токму повторувањето на историјата и во книжевна и во театарска, па и ако сакаме и во цивилизациска смисла е главното јадро на оваа кратка, но импактна претстава.
Во каноните на реализмот се движи костимографијата на Славица Јаношевиќ, која пак, од друга страна визуелно не потестува на Гогољевите ликови кои ѕиркаат од неговиот џеб и го чекаат моментот кога ќе зацаруваат и со својата алогичност ќе го променат светот на полошо. Претставата има жива музика на клавир што ја потенцира блискоста и со публиката, а делува кохерентно и на самите ликови.
Данил Хармс бил нескротливо писателско суштество какви што сега ги има многу малку во светската книжевност. Негоаата острина е импресивна, а ликовите во неговите и прозни и драмски дела изразити. Самиот Хармс во еден момент ќе каже: „Мислам дека ништо не е „само“ фикција, бидејќи шегите никогаш не се „само“ шеги, а забавата никогаш не е „само“ забава. Тоа не значи дека тие не можат да бидат забавни или смешни, но сите тие исто така се осврнуваат на посериозни теми на начини кои можеби не се можни преку „сериозна“ комуникација“. Се чини дека тоиму затоа е овој писател исклучително потребен во прегледувањето и согледдувањето на нашите духовни страдања. Во овие опкружувања ние немаме шанса да ги излижеме раните од тектониката на историските нелогичности и деструкции. Хармс говори за шега, додека Петернељ таа шега ни ја сервира како добро пресвлечена гротеска за ние на крајот да сфатиме дека фикцијата се повлекува не само во театарот, туку и во целиот артизам на кого сме навикле да го конзумираме и да го метаболизираме. Затоа и насловот на оваа прекрасна претстава на Младинско е Хармсова реплика. „Уметноста е ормар“, а кога ќе го отвориме ние всушност се сретнуваме со нашата лична историја несвесни дека како честичка од колективната се давиме во безначајност и унифицираност. Оваа претстава потсетува на едно циклично духовно страдање кое тој како писател го почувствувал многу силно, а ние, за жал го живееме како да е наша бактерија, па се соживуваме со она што го „нема“ за да се порадуваме на она што го „има“, повторно несвесни дека тоа е артифициелно, измислено, несоодветсвено и во краја линија непотребно.
„Уметноста е ормар“ конечно зборува за вечната духовна беда која не познава ни време ни место и чија универзалност се повеќе се официјализира како општествена погодност. А вистинската стварност е далеку поцрна и потоксична.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…