Почетна / Насловна / Настани / Избрани 20 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“
Избрани 20 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“
— 21 февруари, 2022
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ја направи првата селекција од пристигнатите 39 романи, избирајќи 20 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда.
Жири-комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март. Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 23-ти пат.
Избрани дела во првата селекција на конкурсот „Роман на годината“ за 2021 година:
1. „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“ 2. „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или Или“ 3. „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или Или“ 4. „Атласот на тајните“, Дејан Крстески – Гостивар: Д.Крстески 5. „Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“ 6. „Тегли“, Јордан Коцевски, „ПНВ Публикации“ 7. „Анатомија на бумбарот“, Стефан Марковски, „Паблишер“ 8. „Ловци на лажни вести од зграда 39“, Огнен Неделковски, Детски културен центар „Карпош“, Скопје 9. „Велиново“, Димче Парталоски, „Топер“ 10. „Албино трип“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“ 11.„Трамонтана“, Наташа Сарџоска, „Три“ 12. „Плетачката на тантели“, Билјана Станковска, „Феникс“ 13. „Баба“, Луан Старова, „Паблишер“ 14. „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“ 15. „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“ 16. „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или Или“ 17. „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“ 18. „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или Или“ 19. „Веќе не сум истиот“, Војо Цветановски, „Арс Либрис“ 20. „Ден за одмазда“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…